Книга со песни (шпански: Libro de poemas) - поетска збирка на Федерико Гарсија Лорка од 1921 година. Песните застапени во збирката се напишани во периодот од 1915 до 1920 година.

Содржина

уреди

За книгата

уреди

„Книга со песни“ е првото дело на Лорка со кое веднаш го свртел вниманието врз себе како исклучително ново име во шпанската поезија. Песните во книгата се инспирирани од детските спомени и првите големи возбуди од младоста на авторот. Таа се одликува со едноставност и непосредност на поетскиот израз, а од стилска гледна точка, претставува потрага по рамнотежата меѓу богатата шпанска поетска традиција и новите модерни поетски тенденции, особено надреализмот и ултраизмот. Нјавредните песни во збирката се „Сенката на мојата душа“ (La sombra de mi alma) и „Балада за морската вода“ (La balada del agua del mar), двете напишани во 1919 година. Првата е младешка, нежна песна со нова поетска структура на целосни музички фрази искажани со доследно применет слободен стих и низ мека инкантација на асонансите. Притоа, во песната се насетува влијанието на шпанскиот поет Хименес. Од друга страна, „Баладата за морската вода“ (посветена на Емилио Прадос) претставува густа синтеза на болката, претставена низ модерни слики. Таа ги навестува горките, нежни и блескави пејзажи застапени во подоцнежното творештво на Лорка.[1]

Надворешни врски

уреди

Libro de poemas Архивирано на 9 декември 2018 г.

Наводи

уреди
  1. Матеја Матевски, „Федерико Гарсија Лорка 1898-1936“, во Федерико Гарсија Лорка, Неверна жена. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 156.