Книга на пророкот Јоил

книга од Библијата

„Книгата на пророкот Јоил“ — книга од Стариот завет.

Содржина

уреди

Пророкот Јоил му се обраќа на народот, пренесувајќи ги божјите зборови: Израилците ќе бидат нападнати од силна војска, а нивната земја ќе биде опустошена од непријателот, од наезда на бубачки, од глад, од оган и од суша при што насекаде ќе завладее жалост. Сите тие појави ги претставуваат знаците за доаѓањето на денот на Бога, кога тој ќе дојде на Сионската гора и ќе им суди на народите. Затоа, Јоил го повикува народот на покајание и приклонување кон божјиот закон, зашто тогаш Бог ќе се смилува на својот народ и ќе му подари спас: тој ќе ги врати раселените Израилци од околните земји и ќе ги порази нивните непријатели. [1]

Наводи

уреди
  1. Свето писмо на Стариот и на новиот завет (трето издание). Свиндон: Британско и инострано библиско друштво, Скопје: Македонска книга, 1998, стр. 1112-1115.