Кнедли
Кнедли се еден вид на десерт од Средна и Источна Европа, кои најчесто се прават од сливи или кајсии. Земјите во кои кнедлите се популарна се Австрија, Босна, Хрватска, Чешка, Германија, Полска, Романија, Србија, Словачка и Словенија. Ги има и во скандинавската, романската, североисточната италијанска кујна, еврејската, украинската и белоруската кујна. Кнедлите се во округли форми направени од варено тесто со основа од компири и брашно а во средината се става слива или кајсија. Така зготвените кнедли, се валкаат во лебни трошки, потоа се попржуваат во путер. Се служи со шеќер или цимет.
Галерија
уреди-
Компир кнедли со печено свинско месо
-
Кнедли од сливи
-
Унгарски турогомбок, направен со брашно од гриз и туро (урда), валани во презла и се сервира со кисела павлака и шеќер
-
Кнедли од црн дроб во супа од говедско месо
-
Сервиет кнедла
-
Кнедла од сланина
-
Супа од кнедли од тиролско сирење