Клуб Олимпија Асунсион (шпански: Club Olimpia) е парагвајски спортски клуб со седиште во Асунсион. Тој е најдобро познат по својот професионален фудбалски тим кој игра во Примера Дивизион. Олимпија исто така е најуспешен тим во земјата, и досега имаат освоено 39 национални титули.

Клуб Олимпија
logo
Целосно имеКлуб Олимпија Асунсион
ПрекарДеканот
Основан25 јули 1902
СтадионСтадион Мануел Фереира
Асунсион, Парагвај
Капацитет15,000
ПретседателПарагвај Родриго Ногес
ТренерАргентина Мартин Палермо
ЛигаПримера Дивисион
Апертура 2012Апертура 2012, 2-ри
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Тековна сезона

Олимпија е еден од осумте тимови во КОНМЕБОЛ кој успеал да направи Требл. На меѓународно ниво, тие исто така се единствениот парагвајски тим кој успеал да триумфира во Копа Либертадорес, правејќи го тоа трипати. Тие исто така се и единствениот тим кој стигнувал до финалето на Копа Либертадорес најмалку еднаш на секои десет години од почетокот на натпреварувањето. Олимпија го има освоено и Интерконтиненталниот куп еднаш, Рекопа Судамерикана двапати, потоа Суперкопа Судамерикана еднаш, и Копа Интерамерикана исто така еднаш. IFFHS и ФИФА ја сместиле Олимпија како еден од првите пет најдобри јужноамерикански клубови на 20 век и е еден од "Класик клубовите" во историјата на фудбалот.

Клубот бил основан во 1902 година и е најстар клуб во земјата. Тие имаат жестоко соперништво со градскиот противник, тимот на Серо Портењо, кое е попознато како Класико на парагвајскиот фудбал. Иако причината на соперништвото е непозната, се верува дека е зголемено во шеесеттите и седумдесеттите години, кога на национално и меѓународно ниво успесите на Олимпија започнале да ја засенуваат популарноста Серо Портењо. Домашен стадионот на клубот е Мануел Фереира или дури и познат како Боске де Пара Уно.

Историја

уреди

На 25 јули 1902 година Холанѓанецот Вилијам Паатс (кој се смета за таткото на парагвајскиот фудбал) и парагвајците Сила Годои, Фернандо Паскуал, Густаво Кровато, Ектор Кабањас, Хуан Роди, Антонио Педраса, Луис Марекос, Хуан Мара и Џенаро Гутиерес Иегрос основаат Клуб Олимпија. Од предложените три имиња - Парагвај, Еспарта и Олимпија, Паатс го избира последното во чест на старогрчкиот град Олимпија, местото на раѓање на Олимписките игри.

Првата комбинација на тимот се состела од црни дресови со бел натпис "Олимпија" на градите и бели шорцеви. Подоцна за бои на тимот се прифатени белата и црната и домашниот дрес станува бел со црна хоризонтална линија.

Првата шампионска титула на Олимпија датира од 1912 година, 6 години по одржувањето на првото првенство. Следуваат уште 3 титули, за да се дојде до историските 3 последователни титули во периодот 1927 - 1929 година, остварување кое за првпат било постигнато во Парагвај токму од Олимпија. Во 1930-тите години Олимпија повторно освојува 3 последователни титули. По долгата суша со претежно слаби резултати и само 2 титули во текот на 1940-те години доаѓаат годините на апсолутна доминација на овој тим.

За претседател на тимот е избран Мануел Фереира. Во неговото време започнала изградбата на денешниот стадион на Олимпија, денес именуван по неговото име, а во тимот биле привлечени неколку добри фудбалери, кои помагаат да се стигне до рекордот од тогаш 5 последователни титули во периодот 1956 - 1960 година, како и освојувањето на титулата без пораз во 1959 година. Врвот на овие достигнувања е пласманот во финалето, прв во историјата на клубот, во Копа Либертадорес во 1960 година, каде биле поразени од Пењарол.

Во 1975 година е избран нов претседател Освалдо Домингес Диб, кој раководи со тимот до 1991 година и потоа во периодот 1995 - 2004 година. Ова е најуспешниот претседател во историјата на Олимпија. Во 1979 година тимот освојува 3 меѓународни купа - Копа Либертадорес, Интерконтиненталниот куп, и Копа Интерамерикана. Олимпија покажува успешни игри и на домашната сцена, откако го подобрува рекордот овојпат освојувајќи 6 последователни титули во периодот меѓу 1978 и 1983 година, а го освоија повторно Копа Либертадорес во 1990 година (додека 1 година пред тоа губат во финалето) и Суперкопа Судамерикана - турнирот, во кој учествуваат само најуспешните тимови во историјата на Копа Либертадорес. Во 1991 година Олимпија игра 3-ти пат по ред во финалето на Копа Либертадорес, но повторно (како и во 1989 година) не успева стигне до трофејот. Овие успеси на тимот го ставаат меѓу најдобрите и најпочитуваните пет клуба во Јужна Америка.

Најзабележителниот успех на тимот во парагвајското првенство во поново време се 4-те последователни титули во периодот 1997 - 2000 година. Во 2002 година, кога тимот ја слави 100-годишнината, Олимпија го освојува Копа Либертадорес за 3-ти пат во историјата. Но, потоа паѓа во серија лоши резултати и по 2000 година успева да освои само една шампионска титула (во 2011), а недостигаат и успесите на меѓународната сцена.

Играчи

уреди

Моментален Состав

уреди
Бр. Позиција Играч
1   ГМ Мартин Силва
2   ОД Алфредо Рохас
3   ОД Алехандро Силва
4   ОД Себастијан Ариоса
5   ОД Хулио Цесар Касерес (К)
6   ОД Енрике Меза
7   НП Максимилијан Бијанкуки
9   НП Нестор Бареиро
10   СР Хуан Мануел Салгеиро
11   НП Арналдо Касторино
12   ГМ Виктор Сентурион
13   СР Карлос Умберто Паредес
14   СР Едуардо Аранда
15   НП Хулио Санта Крус
Бр. Позиција Играч
16   НП Фреди Бареиро
17   СР Жорге Нуњес
18   СР Освалдо Хобекер
19   ОД Салустано Кандиа
20   ОД Еухенио Монтиел
21   СР Фабио Кабалеро
22   ОД Ричард Салинас
23   СР Жорге Баез
24   СР Ричард Ортиз
25   СР Ернан Перес
27   СР Мигел Амадо
28   СР Виктор Мата
-   ГМ Герардо Ортиз
-   СР Маркос Пфингст

Титули

уреди
1912, 1914, 1916, 1925, 1927, 1928, 1929, 1931, 1936, 1937, 1938, 1947, 1948, 1956, 1957, 1958, 1959, 1960, 1962, 1965, 1968, 1971, 1975, 1978, 1979, 1980, 1981, 1982, 1983, 1985, 1988, 1989, 1993, 1995, 1997, 1998, 1999, 2000, 2011 Клаусура
1979, 1990, 2002
1990
1991, 2003
1979
1979

Надворешни врски

уреди