Клонирање (појаснување)
Клонирањето претставува умножување што подразбира укинување на секаква поединечна различност. Во биологијата, клонирањето е процес на создавање група генетски идентични организми од една единка по бесполов пат. Клонирањето предизвикува делби на телесна клетка со кои се добиваат нови единки идентични и со организмот од кој се изведени и меѓусебно.
Биологија
уредиВо биологијата, клонот претставува ред директни потомци на наследно еднородни организми (или на одвоени клетки во култури) што настанале како резултат на бесполово или вегетативно размножување од еден заеднички предок.
Микробиологија
уредиВо микробиологијата клонот претставува севкупност на потомци од една клетка на родоначалникот. Преку ова се наследуваат гените само на еден предок т.е., само на таткото или само на мајката.
Информатика
уредиВо информатиката клонот претставува сметачки систем кој, според можностите што ги нуди, претставува успешна копија на друг стандарден сметачки систем. Најчесто се однесува на сметачки системи складни со оригиналниот.
На оваа појаснителна страница се наведени статии — примероци кои се однесуваат на насловот Клонирање. Доколку овде ве доведе внатрешна врска, предлагаме да ја смените, за да води право на саканата статија. |