Клетвата на кнезот
Клетвата на кнезот (српски: Клетва кнежева) - српска епска (јуначка) песна. Песната прв ја запишал Вук Караџиќ, кој ја слушнал од татко му Стефан.[1]
Содржина
уредиВо песната се опишува навлегувањето на Османлиите во српската средновековна држава и подготовката за Косовската битка. По пристигнувањето во Косово, царот Мурат му праќа писмо на кнезот Лазар, барајќи да му ги предаде клучевите од сите градови и да му плати арач за седум години, а ако не послуша, тогаш го кани на борба. Царот Лазар го чита писмото и ја искажува клетвата: „Кој не дојде на битката на Косово, од раката ништо да не му се роди: ни во полето бела пченица, ни на ридот винова лоза!“[2]