Киријак Макуриски

Киријак (околу 750 г.) - владетел на нубиското кралство Макурија. Додека некои историчари го ставаат неговото владеење помеѓу Меркуриј и Захарија I, според Север од Ел Ашмунеин, Киријак го наследил Марк.[1]

Околу 748 година,[2] Киријак марширал северно кон Египет сè до Фустат (Каиро) на чело на војската, спомнато дека има околу 100,000 луѓе за да го ослободи александрискиот патријарх Михаил, кого управникот на Египет, Абд ал-Малик ибн Марван ибн Муса бин Нусаир, фрлен во затвор. Меѓутоа, откако макуриската војска на стигнала до Египет, патријархот бил ослободен од затвор, заедно со пратеникот на Киријак, кој потоа бил испратен до Киријак да го замоли да се врати во Макурија.[3]

Наводи

уреди
  1. B. Evetts, History of the Patriarchs of the Coptic Church of Alexandria, Part 3 (1910), стр. 144-146
  2. Derek A. Welsby, The Medieval Kingdoms of Nubia (London 2002), стр. 73, ISBN 0-7141-1947-4
  3. E.A Wallis Budge, A History of Ethiopia: Nubia and Abyssinia, 1928 (Oosterhout, the Netherlands: Anthropological Publications, 1970) p. 104. Budge gives two dates for this expedition: 722 on this page, and 737 on p. 117; neither fits the dates Michael (whom Budge calls "Khail", the Egyptian form of his name) was patriarch (743-767).
Претходник
Марк
Крал на Макурија Наследник
Микаел