Кивавица или rhinitis acuta најчесто е предизвикана од вируси. Бидејќи во носната слузница како сапрофити се присутни стрептококите и стафилококите, честопати тие се надоврзуваат на вирусната инфекција. Различни физички-хемиски причини како што се правот и отровните гасови имаат значење во појавата на ринитот. Додека посебен облик претставува алергискиот ринит предизвикан од полен т.е вазомоторен ринитис.

Клиничка слика

уреди

Најчесто почнува со чувство на чешање во носот и кивање. Во почетокот секретот е бистар потоа може да биде жолтозелен. Поради оток на носната слузница имаме отежнато дишење или диспнеја.

Лекување

уреди

Најчесто не е потребно лекување, или се даваат топли напитоци, аспирин и назли вазоконстриктори. При постоење на бактериска инфекција се зема брис од нос и се даваат антибиотици по антибиограм. Кај алергискиот ринит се даваат антихистаминици и кортикостероиди. Акутниот ринит може да премине во хронична форма во случај кога има постојано надразнување со физичките и хемиските агенси, или ако постои искривување на носната преграда. Лекувањето на хроничниот ринит се состои во избегнување на постојаните раздразнувачи.