Кетрин Андрас
Кетрин Андрас (1775–1860) била англиска вајарка најпозната по нејзините восочни модели. Таа била активна како уметник вајар до 1855 година, а потоа, по пет години, починала во Лондон во 1860 година.[1]
Кетрин Андрас | |
---|---|
Роден(а) | 1775 Бристол, ОК |
Починал(а) | 1860 (на 84–85 г.) |
Националност | ОК |
Познат(а) по | Вајарство, восочен уметник |
Награди | Кралско друштво на уметности, Голема сребрена палета (1801) |
Живот
уредиАндрас е родена во Бристол и почнала да создава восочни модели, додека работела во продавница за играчки. Била сираче на рана возраст, но таа подоцна била посвоена од сликарот на минијатурни дела Роберт Бауер и неговата сопруга во 1799 година. Таа се преселила во Лондон и работела во Историската галерија, пред да се пресели на улицата Грејт Тичфилд. Таа подоцна се вратила во Пал Мол.[2]
Работа со моделирање на восок
уредиАндрас како вајарка, уметник, изложувала во Лондон на Кралската академија на уметностите од 1799 до 1824 година.[3] Во 1802 година била назначена за специјален моделар со восок, кој ќе работи за кралицата Шарлот.[4] Таа била наградена со „Голема сребрена палета“ од Друштвото за поттикнување на уметностите, производство и трговија за нејзиниот модел на принцезата Шарлот и портретот на Лорд Нелсон.[5][1] По смртта на лордот Нелсон, толпи луѓе кои ја посетувале катедралата Свети Павле, дошле за да го посетат и нејзиниот гроб. Вестминстерската опатија и наложила на Андрас да создаде восочен лик за црквата во обид да ја привлече толпата.[6][7]
Делата на Андрас исто така биле изложени и во Британскиот музеј,[8] Националната галерија на Ирска[4] и Метрополитен музејот на уметноста.[9]
Избрани уметнички дела
уредиРоуз Брус (1728-1806), вдовица на свештеникот Семјуел Брус (1799) во Националната галерија на Ирска
Џорџ III (1738-1820), крал на Англија (1760-1820) во колекцијата на Глен Тили Морс, оставина на Глен Тили Морс, 1950, Метрополитен музеј на уметноста[9]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Naomi Clifford | Catherine Andras, model-maker to royalty“. Naomi Clifford (англиски). 2018-02-18. Посетено на 2019-04-02.
- ↑ Lowell Libson Ltd British Art, New York Annual Exhibition, British Art: Recent Acquisitions at Stellan Holm, 1018 Madison Avenue. 2016. стр. 54–55. ISBN 978-0-9929096-1-1.
- ↑ „Andras, Catherine. Grove Art Online“. 2003. Посетено на 5 November 2019.
- ↑ 4,0 4,1 „Catherine Andras“. Посетено на 8 March 2018.
- ↑ Lord Nelson Wax Portrait at the V&A
- ↑ „Philip Mould | Historical Portraits | | Catherine Andras | Item Details“. historicalportraits.com. Посетено на 2019-04-02.
- ↑ „New Collaboration to Reveal Secrets of Nelson and Pitt Effigies“. Westminster Abbey. May 2017. Архивирано од изворникот на 2017-10-17. Посетено на 3 May 2017.
- ↑ Horn, Tammy (2011). Beeconomy: What Women and Bees Can Teach Us about Local Trade and the Global Market. Lexington: University Press of Kentucky. ISBN 978-0-8131-3436-9.
- ↑ 9,0 9,1 „George III (1738–1820), King of England (1760–1820)“. Посетено на 8 March 2018.