Кенигслутер (слободна област)
Кенигслутер (германски: Königslutter) — слободна област во округот Хелмштет, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.
Областа има површина од 8,90 км2[1] и се граничи на север и на исток со градот Кенигслутер на Елм во истиот округ. На југ и на запад се граничи со градот Шепенштет, слободната област Ам Гросен Роде, како и општината Кнајтлинген во округот Волфенбител. Еден дел од областа претставува ексклава, кој е целосно заобиколен од градот Кенигслутер на Елм.
Слободната област е ненаселена. Од статистички причини се води под бројот 03 1 54 503.[1]