Кемтрејл (од англ. chemtrail: chem, скратеница од chemical (хемикалија) и trail (трака, трага)) е назив за феномен на перзистентни (долготрајни) траки кои се набљудуваат позади воздухоплови во лет. Официјалното објаснување е дека станува збор за кондензациски траки кои настануваат поради кондензација на водената пареа испуштена од млазните мотори на воздухопловите и секој сомнеж дека составот на овие траки вклучува тајно додадени агенси кои не се обелоденети во јавноста се смета за теорија на заговор. Перзистентноста на траките позади воздухопловите официјално се објаснува дека варира од атмосферските и временските услови. Сепак, значителен дел од светската јавност пројавува загриженост поради овој феномен, а независни истражувачи наведуваат докази дека хемискиот состав на ваквите перзистентни траки вклучува наночестички на алуминиум, стронциум, бариум, други метали, како и полимерни органски супстанци.[1]

Перзистентни траки позади воздухоплови наречени „кемтрејлс“

Наводи

уреди
  1. „Lab Tests“. Geoengineering Watch (англиски). 2013-05-13. Посетено на 2020-03-02.