Качора
Серијата Качора е хумористична аргентинска теленовела. Серијата е снимена во Буенос Аирес, во текот на 2002 година, со 150 епизоди. Серијата стекна голем успех во целиот свет, како и кај нас која се емитуваше во утринскиот термин на А1 телевизија.
Качора | |
---|---|
Жанр | комедија, теленовела |
Создадена од | Густаво Бариос |
Улоги | Наталија Ореиро Пабло Раго Марија Роса Гало Освалдо Санторо Хосе Марија Монхе |
Воведна тема | "Cuesta Ariba, Cuesta Abajo" |
Земја на потекло | Аргентина |
Првичен јазик | Шпански |
Бр. на епизоди | 150 |
Производство | |
Извршен продуцент(и) | Габриел Фиеро |
Местоположба | Буенос Аирес |
Времетраење | 45 минути |
Прикажување | |
Првична мрежа | Канал 11 / Телефе |
Првично прикажување | 20 мај 2002 – 12 декември 2002 |
Синопсис
уредиКачора е во основа една голема љубовна приказна. Главниот протагонист е една обична девојка од соседството, сиромашна и со ниско ниво на култура, но со голема внатрешна сила, оптимизам, весела, забавна, способна и снаодлива во секакви ситуации.Со нејзините две момчиња ќе создаде љубовен триаголник исполнет со страст, конфликти и многу караници. Приказната започнува со неа кога се наоѓа во затвор, неправедно обвинета за убиство.Таа бега од затвор и влегува во домот на Моравија, моќно семејство, со лажен идентитет, само за да се заштити од полицијата. Таа живее во куќата, но со постојан страв да не биде откриена. Има многу смешни ситуации кога неискусната и необразована Качора мора да глуми лик на професионална учителка чиј идентитет го носи.
Улоги
уредиГлумци | Ликови |
---|---|
Наталија Ореиро | Антонија (Качора) / Росарио |
Пабло Рага | Бруно |
Марија Роса Гало | Пиерина |
Освалдо Санторо | Франциско |
Марија Роса Фугазот | Елена |
Хосе Марија Монхе | Херман |
Надворешни врски
уреди- Сериалс.ру Архивирано на 11 август 2007 г.
- А1 Телевизија