Нема проверени преработки на оваа страница, што значи дека можеби не е проверено дали се придржува до стандардите.

Кетрин Изабел Одри Кидстон РБИ (родена на 6 ноември 1958 година) - англиска модна дизајнерка, деловна жена и автор чие друштво, Cath Kidston Limited продавала домашен мебел и стоки поврзани со нив преку интернет, преку франшизи и по пошта.[1] Особено е позната по своите носталгични цветни модели[1] и има објавено и голем број книги. 

Семејно потекло и ран живот

уреди

Бабата и дедото на Кидстон биле Глен Кидстон, успешен тркачки возач за Бентли во 1920-тите,[2] и Ненси Сомс. Ненси е и баба на Саманта Камерон по татко, што ги прави половина први братучетки.[3]

Телевизиските водители Кирсти Алсоп[4][5] и Софи Алсоп се нејзини втори братучетки по мајка, ќерки на Чарлс Алсоп, шестиот барон на Хиндлип, поранешен претседател на Кристи.

Кариера

уреди

Кидстон ја отворила својата прва продавница во лондонскиот Холанд парк во 1993 година,[1] продавајќи рачно везени крпи за чај и светло реновиран мебел. До крајот на 2013 година, таа имала 136 продажни места, вклучувајќи и водечка продавница на Пикадили покрај Forthum & Mason и четири продавници во Кина.[6] Појавувајќи се на ББЦ Радио 4 во програмата Desert Island Discs, Кидстон ги опишала нејзините продавници како провокација на контраверзното „Луѓето или го сакаат тоа и многу го сакаат, или сакаат да не избодат“.[2] Во 2010 година, таа го продаде мнозинскиот удел на компанијата на приватни инвеститори TA Associates,[7] задржувајќи го малцинскиот удел и останува како креативен директор на компанијата.[7]

Принцот Џорџ Велшки носел нејзина облека, која понатаму брзо се распродала.[8]

Соработки

уреди

Кидстон соработувала со Милет за дизајнирање шатори (2005–6),[1] Нокиа и мобилни телефони за складиштето Карфон (2006),[1] и радија Робертс (од 2005 година наваму).[1] Во 2008 година, таа соработувала со Теско за производство на вреќи за пазарење направени од пластични шишиња,[1] кои биле продадени за да се соберат скоро 500.000 фунти за грижа за Marie Curie Cancer Care[1] при што биле искористени околу шест милиони пластични шишиња од депонија.[1]

Личен живот

уреди

Партнер на Кидстон е музичкиот продуцент Хју Падгам .[9] Кидстон има две домашни миленичиња, сејаламски териер по име Били и лејклендски териер по име Стенли, кои се вклучени во нејзините дизајни.[10][11]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 1,8 „About Cath Kidston“. Cath Kiston Limited. Архивирано од изворникот на 2 January 2011. Посетено на 29 April 2011.
  2. 2,0 2,1 „Desert Island Discs: Cath Kidston | BBC“. BBC. 2010-04-29. Посетено на 29 April 2011.
  3. „Sam Cam's hidden ties to Kidston“, The Sunday Times, London: News section, page 10, 4 October 2015
  4. Wood, Zoe (2009-08-09). „Queen of florals Cath Kidston bucks the recession to profit from love of nostalgia“. The Guardian. Посетено на 29 April 2011.
  5. Layton, Josh (7 May 2012). „Stranger relatives: Holly Valance is related to Benny Hill and the celebrities with fame in the family...“. Daily Mirror. Посетено на 10 October 2012.
  6. Garside, Juliette (6 December 2013). „Cath Kidston could fetch up to £250m“. The Guardian. Посетено на 14 April 2014.
  7. 7,0 7,1 Hall, James (2010-12-05). „Cath Kidston plans Far East push – Telegraph“. The Daily Telegraph. London. Посетено на 29 April 2011.
  8. „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 6 May 2015. Посетено на 3 May 2015.
  9. „The interior designer Cath Kidston on work, marriage and life after cancer“.
  10. „Introducing Billie“. Cath Kidston. Архивирано од изворникот на 19 January 2016. Посетено на 25 January 2016.
  11. „Remembering Stanley“. Cath Kidston. Архивирано од изворникот на 2017-12-07. Посетено на 25 January 2016.