Католичка црква „Света Марија“ - Конак
Католичката црква Света Марија (турски: Santa Maria Katolik Kilisesi) — римокатоличка црква во Измир, Турција. Се наоѓа во старото франкиско маало во областа Конак. Црквата била изградена во чест на Богородица Марија[1] и била отворена во 1698 година.[2] Црквата ја направиле Францисканците кои биле населени во Измир.[3] Денес се користи како италијанска католичка црква со францискански свештеници кои служат на заедница од околу 200 луѓе.
Католичка црква Света Марија | |
---|---|
Santa Maria Katolik Kilisesi | |
Основни податоци | |
Место | Конак, Измир, Турција |
Координати | 38°25′35.6″N 27°08′05.7″E / 38.426556° СГШ; 27.134917° ИГД |
Припадност | Римокатоличка црква |
Покровител | Богородица |
Архитектонски опис | |
Завршен | 1698 |
Архитектура
уредиСеверната, јужната и источната фасада на црквата се со прилично едноставен дизајн, но главната фасада и внатрешниот простор имаат подобра и поукрасна изработка.[4] Во внатрешноста на црквата се забележува имитација на античка архитектура, железниот таван и елаборираната апсида. Објектот бил поставен симетрично и надолжно во правец на исток-запад.[1] Има еднокорабен базилички план.[1] Има токени од ренесансата и барокот, што може да се видат во прозорците, колоните и материјалот што бил употребен во изградбата на црквата.[4] Во црквата има многу коринтски столбови.[4] Црквата има три врати: една главна и две странични врати.[4] Главната врата во црквата се отвора само во обредни денови.
-
Внатрешноста на римокатоличката црква Света Марија
-
Олтарот во црквата
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Santa Maria Katolik Kilisesi“ (Turkish). Ministry of Culture and Tourism. Посетено на 19 June 2020.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
- ↑ BUTASIM, Nebi (2018-12-28). „ADAKLI KİLİSESİ ÜZERİNDE BULUNAN RÖLYEF VE KÖKENİ HAKKINDA BİR DEĞERLENDİRME“. İSTEM (32): 407–422. doi:10.31591/istem.434704. ISSN 1304-0618.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 „Santa Maria Kilisesi Nerede ve Nasıl Gidilir? Santa Maria Kilisesi Tarihi, Hikayesi ve Ziyaret Saatleri (2020)“. Hürriyet (Turkish). 16 September 2020. Посетено на 19 September 2020.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)