Катедрала Свети Тит

 

Катедралата Свети Тит

Катедралата Свети Тит — катедрала на Ираклионската архиепископија на Критската православна црква во градот Ираклион на островот Крит во Грција.

Катедралата била осветена во чест на заштитникот на Крит - апостол Тит, кој го проповедал христијанството на островот во 1 век.

Историја

уреди

По доминацијата на островот од страна на Сарацените од 824 до 960 година, Крит бил ослободен од Византијците, кои го оставиле Ираклион како главен град. Идниот император Никифор II Фока наредил да се изгради првата црква во градот, која била посветена во чест на Свети Тит за да ја замени античката која била уништена во Гортина. Подигната катедрала станала катедрална црква на православниот архиепископ Критски.

Во периодот на венецијанското владеење, катедралата Свети Тит била претворена во катедрална црква за католичкиот архиепископ.

По опсадата и заземањето на градот од страна на Турците, зградата на храмот била претворена во џамија. Во 1923 година, кога турското малцинство го напуштило Крит, катедралата повторно била осветена како православна црква, а минарето било претворено во камбанарија.

Во 1966 година, од Венеција на Крит е вратено светилиштето во кое се наоѓале моштите на св. Апостол Тит, однесен во Италија од генералот Морозини непосредно пред освојувањето на градот од Турците. Во моментов, моштите на апостол Тит се чуваат во катедралата лево од влезот.

Галерија

уреди