Катајама треска
Катајама треската е имунолошки одговор на акутната инфекција со шистозома и обично се јавува две до 10 недели по изложувањето. Ова не треба да се меша со алергиска реакција со оток со сврбеж со големина до 1-3 цм на влезните точки на церкаријата (ларва на црвот шистозома) во моментот на инфекцијата.
Покрај осип на кожата со повеќе мали папули, највообичаено на трупот, обично се јавува еозинофилија, сува кашлица, треска, замор, болки во мускулите и стомакот со зголемен црн дроб и слезина и зголемени вредности на црниот дроб, како и привремени нодуларни инфилтрати во белите дробови.
Се смета дека имунолошкиот одговор кај Катајама треската е предизвикан од противгени (антигени) на шистозомата за време на нејзиното зреење и движење врз кои се изложува имуниот систем на инфицираното лице. Соодветно, биопсиите на кожата покажуваат и еозинофилни инфилтрати без доказ на јајца од шистозома, додека серолошки се докажуваат противтела (антитела) против возрасната форма, но не и антитела против јајцата.
Во повеќето случаи, Катајама треската поминува сама по себе ако не се лекува, но инфекцијата со шистозома останува. Медицинската терапија на Катајама треската е симптоматска. За лекувањето на шистозомијазата често е доволна една доза на антихелминтикот празиквантел, која е подобро да се даде по поминување на акутната фаза.
Наводи
уреди- Карл Еј Џеј Пујлаерт, Питер-Пол ван Тиел: Катајама треска. медицинско списание: New England Journal of Medicine 2016 година, том 374, број 5 од 4. февруари 2016 година, страница 469; DOI: 10.1056/NEJMicm1504536
Ве молиме, обратете внимание на важното предупредување во врска со темите поврзани од областа на медицината (здравјето). |