Кастељери на Вила де Грасија

Кастељери на Вила де Грасија, група создадена во 1996 година, се изведувачи со седиште во Вила де Грасија,која прави човечки кули. Нивниот прв јавен настап бил во 1997 година. Бојата на нивните кошули е темносина.[1]

Кула 4 на 9 претставена за време на свеченостите во 2014 година.
Настап од 20 ноември 2011 година, на плоштадот Вила де Грасија.
Кула во Тарагона (2014)
Настап од 22 август 2009 г.
Јавен настап
4 на 8 во Грасија, 2010 година

Првата кула 4 на 8 (човечка кула висока 8 ката со 4 луѓе на секое ниво) била постигната на 17 август 2003 година.

Нивниот најдобар настап бил изведен на 24 октомври 2014 година во Барселона.

До 2015 година, Кастељери на Вила де Грасија учествувале седум пати на натпреварот за правење човечки кули, кој се слави на секои две години во Тарагона. Нивниот најдобар настап бил во 2014 година, кога завршиле на 5-то место.[2]

Тие се познати како „Сината банда“,поради бојата на нивните кошули или „Студентската банда“ поради младата возраст на повеќето нивни членови.

Кастељери на Вила де Грасија се појавуваат во филмот на Седрик Клапис.

Почетоци

уреди

Приказната за Кастељери на Вила де Грасија започнува во раните 1990-ти, кога група млади во Грасија почнале да зборуваат за можноста да основаат група правење човечки кули во соседството. Оваа идеја почнала да се извршува кога решиле да го прослават својот прв состанок во октомври 1996 година. Првата проба била на 23 ноември истата година, a на неа се собрале околу триесет луѓе.

Првата јавна изведба била во февруари 1997 година, кога конструирале два столба од 4 ката, што се смета за наједноставната конструкција. Првата изведба на плоштадот била на 4 март 1997 година.

Првите замоци

уреди

Официјално првиот настап бил на 4 мај 1997 година. Оваа прва сезона имала свои подеми и падови, иако напорите направени во текот на годината конечно вродиле со плод со постигнувањето на замокот висок седум ката.

Други активности

уреди

Од 1998 година, Кастељери на Вила де Грасија ја емитуваат кастељерската радио програма, која сè уште се емитува.

Литература

уреди
  • Алберт Мусон,Квим Перело,Жорди Рафолс и Микел Сендра:Xiquets ahir, castellers per sempre:Vila de Gràcia(1876–2002),Col·lecció„La Font de l'atzavara“ од Taller d'Història de Gràcia,11 страница1.,Барселона.
  • Carles Gallardo: Blau, fraternitat i castells: Castellers de la Vila de Gràcia (1997–2001), 126 страници, Објавено од Castellers de la Vila de Gràcia.

Наводи

уреди
  1. „Castellers de la Vila de Gràcia“. Barcelona's Official website. Посетено на 25 April 2016.
  2. „Edicions anteriors“ (каталонски). Concurs de Castells. Посетено на 25 April 2016.