Карпински апостол

Карпинското евангелие претставува средмомакедонски килилски ракопис[1]. Потекнува од XIII век. Потекнува од почетокот на XIV век и е пишуван е со кирилско писмо. Илуминацијата е богата и убава со иницијали и заставки во флорален стил, со ленти или плетенки. Според содржината претставува полн изборен апостол. Се вбројува меѓу северномакедонски ракописи. Името го добил според записот на последниот лист во кој се укажува дека ракопиот му бил подарен на манастирот „Св. Богородица Карпинска“, блиску до селото Орах, Кумановско. Претставува дел од Карпински кодекс заедно со Карпинското евангелие и еден ирмологиј и сите три ракописа имаат заедничка подоцнежна пагинација. Карпинското евангелие и Карпинскиот апостол хронолошки се поврзуваат со ист период, но се дело на различни пишувачи, а ирмологијот е подоцнежен и е пишуван од двајца пишувачи. Карпинскиот кодекс веројатно бил однесен во Русија од А. Гиљфердинг. Се чува во Москва, ГИМ, Хлудова збирка, 28 I 101.[2]

Фрагмент од Карпинскиор апостол

Наводи

уреди
  1. Balcanoslavica. Centar za istražuvanje na staroslovenskata kultura. 1997.
  2. Амфилохий (Сергиевский), архим. Древле-славянский Карпинский Апостол XIII в. М., 1885-1888. 4 вып.