Карпачо е јадење од месо или риба (како говедско, телешко, лосос или туна), обично како предјадење. Било измислено во 1963 година од Џузепе Кипријани во Венеција, Италија и популаризиран во втората половина на дваесеттиот век. Говедското месо било послужено со лимон, маслиново масло и бел тартуф или пармезан. Подоцна, терминот бил проширен на јадења што содржат друго сирово месо или риба, тенко исечени и сервирани со лимон или оцет, маслиново масло, сол и мелен бибер и овошје како што се манго или ананас.

Карпачо

Историја

уреди

Јадењето, базирано на пиемонтскиот специјалитет carne cruda all'albese, е измислен во 1963 година од Џузепе Ципријани, основач на барот Хари во Венеција. Тој првично го подготвил јадењето за грофицата Амалија Нани Мочениго кога дознал дека нејзините лекари и препорачале да јаде сурово месо. Јадењето го доби името карпачо по Виторе Карпачо, венецијанскиот сликар познат по карактеристичните црвено-бели тонови на неговата работа.

Дополнителна литература

уреди
  • Hierro, Eva; Ganan, Monica; Barroso, Elvira; Fernández, Manuela (2012). „Pulsed light treatment for the inactivation of selected pathogens and the shelf-life extension of beef and tuna carpaccio“. International Journal of Food Microbiology. 158 (1): 42–8. doi:10.1016/j.ijfoodmicro.2012.06.018. PMID 22795799.
  • de Alba, María; Bravo, Daniel; Medina, Margarita (2012). „High pressure treatments on the inactivation of Salmonella Enteritidis and the characteristics of beef carpaccio“. Meat Science. 92 (4): 823–8. doi:10.1016/j.meatsci.2012.07.008. PMID 22863078.
  • Vaudagna, S. R.; Gonzalez, C. B.; Guignon, B.; Aparicio, C.; Otero, L.; Sanz, P.D. (2012). „The effects of high hydrostatic pressure at subzero temperature on the quality of ready-to-eat cured beef carpaccio“. Meat Science. 92 (4): 575–81. doi:10.1016/j.meatsci.2012.06.002. PMID 22749447. |hdl-access= бара |hdl= (help)
  • Bravo, Daniel; de Alba, María; Medina, Margarita (2014). „Combined treatments of high-pressure with the lactoperoxidase system or lactoferrin on the inactivation of Listeria monocytogenes, Salmonella Enteritidis and Escherichia coli O157:H7 in beef carpaccio“. Food Microbiology. 41: 27–32. doi:10.1016/j.fm.2014.01.010. PMID 24750810.