Карло Крако
Карло Крако | |
---|---|
Карло Крако на Вкусот на Милано 2013 | |
Роден(а) | 8 октомври 1965 Креацо, Венето, Италија |
Алма матер | Пелегрино Артуси |
Занимање | Главен готвач |
Карло Крако (роден на 8 октомври 1965 година во Креацо, Венето) е италијански готвач и телевизиска личност.[1]
Биографија
уредиКрако присуствувал на институтот за угостителство Пелегрино Артуси во Рекоаро Терме.[2] По дипломирањето, тој работел во ресторанот Да Ремо во Виченца. Во 1986 година започнал да соработува со колегата готвач Гуалтиеро Маркези во Милано. Подоцна, работел во ресторанот во Ла Меридијана, одморалиште во провинцијата Савона. Крако и живеел во Франција три години, каде студирал француски кулинарски уметности.[3]
Подоцна Крако се вратил во Италија, каде бил готвач во Енотека Пинчиори во Фиренца. Ресторанот бил награден со две Мишелин ѕвезди. Наскоро Крачо бил поканет од Гуалтиеро Маркези уште еднаш да соработува, овој пат на отворањето на неговиот нов ресторан Ларберета во регионот на Ломбардија, каде што Крако работел како готвач три години.[4] Потоа отворил ресторан во регионот Пиемонт наречен Ле Кливи, кој добил Мишелин ѕвезда.[5]
Неколку години потоа, Крако ја прифатил поканата од семејството Стопани, сопственици на пазарот Пек во Милано, да отвори нов ресторан наречен Крако Пек. Тој продолжува да работи таму и денес како извршен готвач.[6] Од 2007 година, ресторанот е познат едноставно како „Крако“.[7]
Италијанскиот магазин за храна и вино Гамберо Росо на ресторанот на Крако му дал „три виљушки“ (нивната највисока оцена). Во 2007 година, Ла Република го прогласила за еден од 50-те најдобри ресторани во светот.[8][9]
Во февруари 2014 година, Крако основал бистро во Милано наречено Carlo e Camilla in segheria („Карло и Камила во пилана“), кое своето име го носи по напуштената пилана во која живее.[9]
Во 2011 година, Крако почнал да го води шоуто MasterChef Italia со Бруно Барбиери, Џо Бастианич и, од 2015 година, Антонино Канавациуоло. Крако бил претседател на непрофитната организација Маестро Мартино од 2012 година. На 13 февруари 2013 година се појавил на музичкиот фестивал во Санремо, да ја претстави уметничката Аналиса. Крако бил водител во првата и втората сезона на Пеколната кујна на Италија на каналот Скај Уно.[10]
Тој ја добил Американската награда на Фондацијата Италија-САД во 2019 година.[11][12]
Семејство
уредиКрако има две ќерки од првиот брак, Свева и Ирина. Моментално е во брак со Роза Фанти, со која има два сина, Пјетро и Чезаре.[13][14]
Филмографија
уредителевизија
уредиНаводи
уреди- ↑ „Meet Chef Carlo Cracco One Of Italy's Best Kept Culinary Secrets“. Luxurious Magazine (англиски). 2020-06-01. Посетено на 2020-12-31.
- ↑ „Da MasterChef al ristorante in Galleria a Milano: lo chef stellato Carlo Cracco“. Il Globo (италијански). 2020-11-23. Посетено на 2021-01-11.
- ↑ 3,0 3,1 „Storia minima di Carlo Cracco“. Il Post (италијански). 2017-02-11. Посетено на 2020-12-31.
- ↑ „Chef Carlo Cracco of Ristorante Cracco - Biography“. August 2010. Архивирано од изворникот на 2011-05-05. Посетено на December 31, 2020.
- ↑ „Chef Carlo Cracco: "Fresco and Delivery"... Ready to Restart celebreMagazine“. celebreMagazine (англиски). 2020-05-28. Посетено на 2020-12-31.
- ↑ Intervista a Carlo Cracco Архивирано на 3 јануари 2014 г., Living24.
- ↑ „Michelin 2018, Niederkofler conquista la terza stella e Cracco perde la seconda“. la Repubblica (италијански). 2017-11-16. Посетено на 2020-12-31.
- ↑ I 50 chef migliori del mondo, la Repubblica.
- ↑ 9,0 9,1 9,2 „Michelin-starred Chef Carlo Cracco to Open New Restaurant in Milan“. ITALY Magazine (англиски). Посетено на 2020-12-31.
- ↑ 10,0 10,1 Morabito, Greg (2018-11-20). „Carlo Cracco Is The Final Table's Master of Italian Cuisine“. Eater (англиски). Посетено на 2020-12-31.
- ↑ treart. „America Award – XI Edition – Fondazione Italia Usa“ (англиски). Архивирано од изворникот на 2021-04-14. Посетено на 2020-12-31.
- ↑ „Recognition of Academic Excellence: JCU Students Receive America Award“. John Cabot University News (англиски). 2019-10-18. Посетено на 2020-12-31.
- ↑ „Masterchef e il mistero della prima moglie: Masterchef e la curiosa "regola" dei quattro fratelli“. Vicenza Today (италијански). 2017-08-16. Посетено на 2021-01-11.
- ↑ „Carlo Cracco: "Apro un'azienda agricola in Romagna per ripensare il mio futuro"“. Corriere della Sera (италијански). 2020-10-14. Посетено на 2021-01-11.
Надворешни врски
уреди- Податотеки поврзани со Карло Крако на Ризницата
- Карло Крако на Семрежната филмска база на податоци (англиски)