Карлис Скалбе (7 ноември 1879 – 14 април 1945) бил латвиски писател, поет и активист. Најпознат е по неговите 72 бајки напишани за возрасни. Тој бил наречен „Крал на бајките“,[1] и неговите зборови, Tēvzemei un Brīvībai (За татковината и слободата), се испишани на Споменикот на слободата во Рига.[2]

Детство и школување

уреди

Скалбе бил роден во парохијата Вецпиебалга, во срцето на Виџеме, симболично истата година кога еден од другите великани на латвиската литература, поетот Аусеклис (Микелис Крогземис), умрел во егзил. Неговиот татко, Јанис, бил ковач; неговата мајка, Еде, била, како и неговиот татко, родум од Пиебалга. Скалбе имале десет деца од кои Карлис бил најмладиот; пет од неговите браќа и сестри починале во раното детство.[3]

Родителите на Скалбе биле побожни моравски христијани. Неговиот татко бил страствен читател и на современи дела и на Библијата - се вели дека можел да ја цитира напамет, а исто така и одличен раскажувач. Самиот Скалбе научил да чита на 7 години, подучен од неговата мајка. Мајката на Скалбе станала глава на домаќинството кога неговиот татко починал на 55 години, кога Скалбе бил на 8-годишна возраст. Нивните средства биле скудни - мајката на Скалбе работела кај соседите како обична работничка. Таа нашла сила во својата вера; била активен член на Моравската црква, учествувајќи на состаноци и служби, и наводно одлична пејачка. Нејзината религиозност имала силно влијание врз младиот Скалбе - подоцна за да го доловел овој период од неговото детство во неговата поема Gurstot (Изморени), дел од неговата збирка Cietumnieka sapņi (Соништата на затвореникот).[3]

Скалбе за првпат влегол во училиште во парохијата Велке, од 1887 до 1890 година, каде што омилен предмет му биле библиските студии. Таму развил блиски односи со Ернест Фелсбергс, подоцна професор по историја на уметност и ректор на Универзитетот во Латвија, како учител. Првата средба на Скалбе со поезијата, сепак, не била во училиште, туку во текот на неговите четири лета како овчар, каде во својот кревет под душекот од сено нашол долга залутана книга песни од Петерис Цериш, лирски поет активен во 1860-тите и 70-тите. Скалбе ја напишал својата прва песна на 12 години, а не долго потоа се обидел во својата прва бајка.[3]

Од 1890 до 1895 година (приближно), Скалбе го посетувал окружното училиште Вецпиебалга, каде што неговата сестра Лизе помагала за да ги плати неговите студии. Неговите школски другари го вклучувале и Х. Албац, иден дипломат; и Јанис Розе, иден издавач на книги, чијашто врвна издавачка куќа и денес е активна. Скалбе ги продолжил своите религиозни студии, се школувал во пишување есеи и бил изложен и длабоко под влијание на романите на Тургенев и Достоевски.[3]

Во 1910 г. се оженил со Лизети Ердмани, која била преведувачка (1886-1972).

Почетоци како автор

уреди

Следните чекори на Скалбе од напуштањето на училиштето биле нејасни. Неговата сестра се обидела да го вработи кај продавачот на книги, Вејнбергс, во Рига, но Скалбе не знаел германски. Се вработил во друга продавница за книги, Берзиш, каде што работел само еден ден. Неговото најнезаборавно искуство во сето ова било неговото првично патување во Рига, овековечено подоцна во неговите мемоари Mans Ziemassvētku brauciens (Моето божиќно возење, 1933).[3]

Кариера

уреди

Работел како учител и новинар. По револуцијата од 1905 година живеел во Швајцарија, Финска и Норвешка. Скалбе се вратил во Латвија во 1909 година и подоцна бил испратен во затвор на 18 месеци поради револуционерни активности. Се борел како латвиски стрелец во 1916 година.

Останал во Латвија до 1944 година кога станало очигледно дека по војната СССР повторно ќе ја окупира Латвија. Потоа се преселил во Шведска и починал неколку месеци подоцна.[4]

Во 1987 година, неговата поранешна викендица била претворена во јавен музеј посветен на неговиот живот и дела.[5] За време на неговиот живот, Скалбе бил награден со Орден на три ѕвезди од трета класа и со орден на литванскиот велики војвода Гедиминас.

Наводи

уреди
  1. Rubulis, Aleksis (1970). Baltic Literature: A Survey of Finnish, Estonian, Latvian, and Lithuanian Literatures. University of Notre Dame Press. стр. 125.
  2. „Monument of Freedom“. Архивирано од изворникот на 2008-05-15. Посетено на 2008-01-27.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Ērnmanis, P. biographer, Kārlis Skalbe—Kopoti Raksti (Collected Works). Auseklis (UNRRA authorized), Stuttgart, 1947.
  4. Eksteins, Modris (1999). Walking Since Daybreak: A Story of Eastern Europe, World War II, and the Heart of Our Century. Houghton Mifflin Books. стр. 101. ISBN 0-618-08231-X.
  5. „KARLIS SKALBE MEMORIAL MUSEUM "SAULRIETI". Архивирано од изворникот на 2002-12-01. Посетено на 2008-01-27.
  • Ушите на мечка: Антологија на латвиската литература . стр135