Кариерата на Сузан
„Кариерата на Сузан“ (француски: La carriere de Suzanne) — француски филм од 1963 година, во режија на Ерик Ромер, кој е и автор на сценариото. Главните улоги ги играат: Катрин Се (Catherine Sée), Филип Бузен (Philippe Beuzen) и Кристијан Шариер (Christian Charriere). Филмот е дел од циклусот „Морални приказни“ (Contes moraux).
Содржина
уредиБертран е студент чиј најдобар другар е Гијом. Еден ден, Гијом ја освојува девојката Сузан која набргу му станува здодевна. Тогаш, Сузан повеќепати го кани Бертран да излезат заедно, а Бертран и Гијом ја злоупотребуваат нејзината добрина, зашто таа ги плаќа сметките во баровите и рестораните. Откако раскинува со Гијом, една ноќ, Сузан преспива кај Бертран, а утредента, тој открива дека некој му ги украл парите. Бертран е убеден дека Сузан е виновна, а не знае дека Гијом е крадецот. На крајот, Сузан наоѓа ново момче, а Бертран го сфаќа тоа како нејзина одмазда кон него и Гијом.[1]