Капустин Јар
Капустин Јар е руски државен ракетен космодром. Се наоѓа во северозападниот дел на Астрахањската област. Полигонот е основан во 1946 година и користел за тестирање на првите балистични ракети. Името на полигонот доаѓа од населбата која се наоѓа во близина. Населбата Капустин е од градски тип, има население од 6.000 луѓе (2004) и има отворен граѓански режим. До полигонот се наоѓа и селото Знаменск во кое што се води "затворено административно-територијално образование", т.е. населба со специјален контролен режим.
Координатите на космодромот Капустин Јар се: 48 ° 50 'северна должина и 45 ° 80' источна ширина.