Капричосите

(Пренасочено од Капричиосите)

Капричосите (на шпански: Los caprichos) - каприци, фантазии. Тие се циклус од 80 графички отпечатоци во техника акватинта и бакропис, создаден од шпанскиот уметник Франциско Гоја во периодот од 1797 до 1798 година и објавени како мапа во 1799 година.[1]

Бр. 43, „Сонот на разумот, раѓа чудовишта“, првиот примерок од графичкото дело, којшто се чува во Музејот Прадо. Делото е работено во графичката техника акватинта и интаглио на графичка хартија

Историја

уреди

„Капричосите“ биле повлечени речиси веднаш по појавувањето во јавноста, во 1799 година, со директна интервенција на инквизицијата - едно од првите уметнички дела кое ќе биде соочено со идната многу често употребувана „елиминаторска“ интервенција на владејачките класи - цензура. Во текот на животот на Гоја биле продадени или откупени само 29 примероци од циклусот.[2]

Опис

уреди

Главна тема на циклусот е критиката и сатирата кон шпанското општество од крајот на 18 век, особено кон благородништвото и римокатоличките свештеници.[3] Во првиот дел од Капричосите, Гоја, создава реалистички, критички и сатирички графички дела насочени кон слабостите, проблемите, предрасудите, аномалиите на општеството и владејачката класа. Во вториот дел од циклусот, создава графики со претстави на фантастични, гротескни, фантазмагорични суштества, претставени во една надреална, кошмарна ситуација.[4]

И покрај тоа што темите се насочени кон шпанското општество од крајот на осумнаесеттиот век, Гоја, благодарение на својот исклучителен талент и уметничка длабочина, преку овој циклус, оставил универзални и вонвременски пораки, посветени на човечките слабости, апсурди, немоќта да се излезе од проклетството на човечката судбина - трагична, егзистенцијално драматична, тешка, исполнета со суеверие, незнаење, неправдите создадени од владејачките класи, суровите казнувања, особено од страна на инквизицијата, бесмислата на брачните лицемерни заедници.[5]

Гоја ја опишал суштината на серијата - циклусот како пресек на: - „...безбројните глупости, бесмислици коишто доминираат во секое општество, опасните предрасуди, лагата, лицемерието, незнаењето, материјализмот - суров и експлоататорски“.[6]

Секоја графика од циклусот, Гоја ја потпишувал и ја обележувал со специфични наслови, давајќи своевидно дообјаснување за секое дело, за алегоријата, мислата, пораката која ја имал визуелно и ликовно трансформирано. Делата на комплетниот циклус се чуваат во познатиот Музеј Прадо.[7]

Оригиналниот стил, како и прикажувањето на современото општество во „Капричосите“, всушност го сместува Гоја, во движењето модернизам кое ќе се појави еден век подоцна. Особено графичкиот лист „Сонот на разумот раѓа чудовишта“ и денес има речиси статус на икона кај ликовната и творечката јавност.[8]

Значење

уреди

Циклусот „Капричоси“ е едно од најзначајните уметнички дела во историјата на уметноста воопшто. Овој творечки зафат на Гоја, не само што е длабоко и филозофско гледање и чувствување на бројните цивилизациски проблеми на човештвото, туку тој е и своевиден патоказ, инспирација и насока во творечкиот развој на светската графика, ликовна уметност, а нивните пораки, генијална имагинација и поетика, ќе бидат инспирација и во поетското, литературното творештво, всушност нивното значење и влијание се чувствува и денес во уметничкото творештво низ скоро сите изразни медиуми на човечката творечка имагинација.[9]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Francisco de Goya y Lucientes“. Архивирано од изворникот на 2020-01-27. Посетено на 2020-04-25.
  2. Caprichos[мртва врска]
  3. Goya’s Caprichos
  4. „Goya's Los Caprichos: A magnificent failure“. Архивирано од изворникот на 2020-11-26. Посетено на 2020-04-25.
  5. Francisco Goya’s ‘Los Caprichos’ Series
  6. „Goya, The Sleep of Reason Produces Monsters“. Архивирано од изворникот на 2020-05-09. Посетено на 2020-04-25.
  7. The Caprices (Los Caprichos), plates 1-80, 1799
  8. „The Sleep of Reason Brings Forth Monsters“. Архивирано од изворникот на 2020-02-15. Посетено на 2020-04-25.
  9. FRANCISCO GOYA LOS CAPRICHOS

Литература

уреди
  • Francisco Goya y Lucientes: Caprichos. Introduced and Edited by Miroslav Mícko. Spring Books u. a., London u. a. 1958, Sämtliche 80 Blätter sind abgedruckt und beschrieben.
  • Charles Harrison, Paul Wood (Hsg.): Art in theory. An anthology of changing ideas. Band 1: 1648–1815. Wiley-Blackwell, Oxford u. a. 2000, ISBN 0-63120-064-9, S. 975.
  • Helmut C. Jacobs: Der Schlaf der Vernunft. Goyas Capricho 43 in Bildkunst, Literatur und Musik. Schwabe, Basel 2006, ISBN 3-7965-2261-0.
  • Sigrun Paas-Zeidler: Goya, Radierungen. Hatje Verlag, Stuttgart 1978, ISBN 3-7632-2331-2.
  • Nigel Glendinning, Goya: la década de los Caprichos: Retratos 1792-1804, Madrid, Real Academia de Bellas Artes de San Fernando, 1992 ISBN 84-87181-10-4 
  • Juliet Wilson-Bareau, Goya: el capricho y la invención. Cuadros de gabinete, bocetos y miniaturas, Madrid, Museo del Prado, 1993
  • Goya in the Metropolitan Museum of Art. New York: The Metropolitan Museum of Art. 1995. ISBN 9780870997525.
  • Stayton, Kevin L. (2014). Brooklyn Museum Highlights. Brooklyn, NY: Brooklyn Museum. стр. 141. ISBN 9780872731752.

Надворешни врски

уреди