Капките

пештера на Кожуф

Капкитепештера на планината Кожуф.

Капките
Отворите на пештерата
Местопланина Кожуф, Кавадаречко
Должина10 м

Местоположба

уреди

Пештерата, се наоѓа во месноста Капките, под гребенот Стара Мирчевица на десната страна во долината на Стара Река (Жарница), северно од врвот Дудица, на планината Кожуф. Се наоѓа во тешко пристапен терен обраснат со многу густа шума. Пештерата има два отвори. Таа е мала по површина и има една главна пештерска сала со височина од 4 метри, а нејзината вкупна должина изнесува 10-15 метри, при што се стеснува кон североисток каде постои мал пештерски канал. Во неа има многу малку пештерски украси како сталактити, сталагмити и сливови со мала должина.

Галерија

уреди