Камп приколка — приклучно возило, кое најчесто се вози со Б-категорија. Наменет е за кампување покрај брегот и/или во внатрешноста во камповите (главно во Германија, Австрија и Холандија). Поновите приколки се опремени со кујна, туш кабина, вграден фрижидер, алуминиумски полици против топлина, а некои се и климатизирани. Воглавно се едно осни, а има и две осни.

Приколка од брендот Таберт сместена во камп.

Во предниот дел имаат бункер, каде се наоѓаат плинските боци за кујна и надворешни скари.

Првата камп приколка била направена во Англија од претпријатието за кочии Бристол кериаж во 1880 година.

Кампувањето исто така е и начин на живот за сиромашните луѓе, па така и масовна појава во САД, каде камп приколките сочинуваат цели мали градови на финансиски лошо ситуирани луѓе.

Најпознати се приколките од германско производство (Кнаус, Хоби, Детлеф), а меѓу најквалитетни се исто така германските (Таберт и Фент), кои се исто така и најскапи.

Рок на траење на камп приколките е околу 35-40 години.

На територијата на поранешна Југославија, камп приколките се произведувале во Македонија (Треска) и во Словенија (Адриа). Адриа и денес е многу активна и најголемиот дел го извезува во Германија.

Галерија

уреди

Надворешни врски

уреди