Кампечки Залив

залив во Мексико

Кампечки Залив (шпански: Bahia de Campeche) — залив во јужниот дел на Мексиканскиот Залив. Обиколен е мексиканските сојузните држави Кампече, Табаско и Веракрус. Зафаќа површина од 16.000 км2 и достигнува најголема длабочина од 180 м. Името му го дале конквистадорите Франциско Ернандез де Кордоба и Антон де Аламинос за време на нивната експедиција во 1517 г.

Кеј на Кампечкиот Залив во градот Кампече.
Кампечки Зал. во рамките на Мексико
Кампечки Зал.
Кампечкиот Залив во рамките на Мексико

Нафтено лежиштеУреди

Под заливот лежат петте нафтени полиња на Кантарел. Во 2003 г. бил второ најпродуктивно наоѓалиште во светот, и сочинувал две третини од мексиканското производство на сирова нафта, но потоа продуктивноста почнала нагло да опаѓа.

На 3 јуни 1979 г. истражното нафтено окно „Ишток I“ доживеало катастрофален избув, што го предизвикало третото најобемно пролевање на нафта во историјата.

КлимаУреди

Во текот на јуни и јули, Кампечкиот Залив се смета за жариште во создавањето на атлантски урагани.[1] Заливот се смета за источна граница на главниот преселбен пат на птиците од американските континенти.[2]

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. ^ Hauptmann, David. „Where do hurricanes form and where do they strike?“. Архивирано од изворникот на 2005-11-20. Посетено на 2006-03-27.
  2. ^ „Routes of Migration“. Migration of Birds. Northern Prairie Wildlife Research Center. Архивирано од изворникот на 17 April 2006. Посетено на 2006-03-27.

Надворешни врскиУреди

Координати: 20°00′N 94°00′W / 20.000° СГШ; 94.000° ЗГД / 20.000; -94.000