Камен на Битието
Каменот на Битието (примерок 15415) е примерок од месечев камен земен од страна на астронаутите од Аполо 15, Џејмс Ирвин и Дејвид Скот во 1971 година за време на втората месечева ЕВА, од Спар кратерот. Тежок е околу. 270 грама,[1] и моментално се чува во Лабораториската Постројка за Примероци од Месечината во Хјустон, Тексас.
Камен
уредиХемиската анализа на Каменот на Битието покажала дека станува збор за анортозит, составен претежно од еден вид плагиоклазен фелдспат познат како анортит. Каменот е формиран во раните фази на Сончевиот Систем, пред најмалку 4 милијарди години.[2]
Првично се мислело дека пронашле парче од првобитната кора на Месечината, но подоцнежната анализа покажала дека каменот е стар само 4,1 ± 0,1 милијарди години, што значи дека е помлад од самата Месечина, а настанал откако кората на Месечината се стврднала. Сепак се работи за исклучително стар примерок, формиран за време на преднектарискиот период од минатото на Месечината. Утврдувањето на староста преку самариум-неодиум изотопите на пироксените од други примероци на месечев анортозит се утврдило дека кристализацијата се случила пред 4,46 милијарди години.[3]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ [1]
- ↑ Apollo 15 samples overview Lunar and Planetary Institute
- ↑ Norman, M. D., Borg, L. E., Nyquist, L. E., and Bogard, D. D. (2003) Chronology, geochemistry, and petrology of a ferroan noritic anorthosite clast from Descartes breccia 67215: Clues to the age, origin, structure, and impact history of the lunar crust, Meteoritics and Planetary Science, vol 38, p. 645-661 Summary
Надворешни врски
уреди- Месечев и Планетарен Институт - Аполо 15
- НАСА - Аполо 15
- Откривање на Каменот на Битието Архивирано на 25 јануари 2021 г. (Од Apollo Lunar Surface Journal)
- Астронаутот Скот го испитува Каменот на Битието. ( слика Архивирано на 1 август 2021 г. )
- Преглед на примероците собрани од Аполо 15. (Каменот на Битието е примерок број 15415 и е опишан, но не е наведен според неговиот број.)
- Опис на примерокот 15415 (Месечев и Планетарен Институт)