Калуѓер (Рогачево)

На падините на Шар Планина, до изворот „Калуѓер”, на полјана под големите карпи од каде што започнува планината. Месото се наоѓа на 1 километар северно од Рогачево.

Потекло на името

уреди

Според верувањата тука прво се населиле калуѓери по битката на Косово, а дури после тоа настанало селото.

Начин на пристапување

уреди

До ова место се стигнува по асфалтиран пат кој води кон караулата која се наоѓа на крајот од селото.

Место

уреди

Во месноста „Калуѓер” се наоѓа црквата „Св. Илија”. Тука извира изворот „Калуѓер”. На полјаната се направени голем број дрвени и мермерни клупи и маси. Веднаш под црквата се наоѓа главниот дел од ова излетничко место. Тоа е покриена бетонска платформа која располага со шест отвори за казани, скара, маса и чешма од која тече изворска вода

Природни атракции

уреди

Чист воздух, прекрасна природа, ладна вода и температура пониска дури и од таа во селото. Во месноста се наоѓаат дабови дрвја стари по 300 години. Потокот поминува низ коренот на едно големо старо дрво.

Во 2005 година реализиран е Проект за заштита на постоечката каптажа и партерното уредување на околината на изворот „Калуѓер”, како дел од програмата наменета за заштита на животната средина и природата.

Проектот за заштита на изворот „Калуѓер” спаѓа во проектите за заштита на изворите на чиста вода за пиење од отпадните води и заштита на природни богатства на Република Македонија.