Калење во грнчарство

(Пренасочено од Калење во керамика)

Калењето во грнчарството е технолошка постапка која се применува при изработка на земјени садови изработени на рачно тркало. Тоа е еквивалентно на глеѓосување на садови направени на ножно тркало, бидејќи смислата е иста - елиминирање на порозноста на печената глина и се применувала во сите грнчарски центри на западниот дел на Балканскиот Полуостров.

Со експериментот кој го спровел со примероци направени според рецептурата која се користела за изработка на лонци во Калуѓеровац, Потравље и на островот Вели Иж во Хрватска, Ричард Карлтон покажал дека калењето се спроведувало за да се спречи оштетување на лонците кои од жижаницата (грнчарската печка) не се извадени во вистински момент (односно пред максималните 750°C колку што овој тип на керамика може да издржи.[1]

Стврднување со растворот од саѓи

уреди

Некаде, како во Ѓаковица, тоа се правело со спуштање на полуусвитени садови, штотуку извадени од печката, во раствор од саѓи (собрани од широките оџаци на отворените огништа на селските куќи) и води.

Подготовка на саѓи

Саѓи за калење на керамиката се добивале со стругање од широките оџаци на отворените огништа на селските куќи и се подготвувале така што количина од околу 15 кг се потопувала во казан со вода. По два до седум дена, саѓината вода се пресипувала во корито, во кое потоа се додава врела вода.

Процесот на калење со раствор од саѓи

Во така подготвената смеса од топла вода и саѓи биле спуштани, само за миг, полузагреани садови само што биле извадени од печката.

Вадењето на садовите од печката мора да биде точно на време, бидејќи не би било добро да се вадат пред време, поради пукање во контакт со саѓината вода, но исто така не требало ни да се остават до бело усвитување.[2] Од постоечката литература не може да се дознае како грнчарите од Ѓаковица знаеле во кој момент треба да се вадат садовите од печката.

Добри и лоши страни на калењето со растворот од саѓи

Со калење садовите трајно ја задржувале црната боја и се верувало дека храната која е во нив готвена е повкусна.

Сепак, вака калените садови биле порозни, па во нив, пред првата употреба, повеќе пати се варело млеко или лој за да не пропуштаат течност.

Калење со раствор од каша од житарици

уреди

Во Кореница, Мелешиќи (8 км од Грачаница и Нови Пазар) се ваделе од оган усвитени садови и биле калени во каша од пченкарно, односно 'ржжено и јачменово брашно. Потоа биле враќани во огнот за да изгори брашното.

Така калените садови добивале сиво-црна боја.[3][4][5][6]

Процес на изработка на кашата

Кашата за калење на житарици се прави така што на 20 литри вода се додаваат 3 кг пченкарно и пченично брашно и убаво се меша за да стане како чорба.

Добри страни

Во вака кален сад може веднаш да се готви бидејќи тој течноста не ја апсорбира во себе.

Наводи

уреди
  1. Djordjević, B., Carlton, R. Calcite-Tempered Cooking Pottery in the Central and Western Balknas – Some Technological Issuse. Conference presentation in: International Conference Advanced Ceramics and Aplications II, Serbian Ceramic Society, Belgrade, 30th September – 1st october 2013.
  2. Томић, П. Црна грнчарија у Ђаковици, Гласник Етнографског музеја XXI,Београд, 1958: 201.
  3. Петровић, П. Ж. (1936) О народној керамици у долини Рашке. У: Прилози проучавању наше народне керамике. посебна издања 6 (Б. Дробњаковић ур.), Етнографски музеј у Београду, 12–25.
  4. Филиповић, М. Лончарство у Кучину и Џурову код Прибоја на Лиму, Гласник етнографског института САНУ I, Београд, 1952: 507–509
  5. Томић, П. О типовима грнчарског кола и керамике у Србији, Гласник Етнографског музеја. 1960; 22–23, 5–20.
  6. Томић, П. Грнчарство у Србији, Збирке I, Етнографски музеј у Београду. 1983: 24, 27–30.

Надворешни врски

уреди