Кавеја
Кавеја (латински: cavea; преведено: „преграда“) ― поим кој се однесува на седиштата на римските театри и амфитеатри. Кавејата традиционално била организирана во три хоризонтални делови, што одговараат на општествената класа на гледачите:[1]
- има кавеја е најнискиот дел од кавејата и оној што директно ја опкружува арената. Обично бил резервиран за повисоките ешалони на општеството.
- медија кавеа веднаш е по има кавеја и беше отворена за пошироката јавност, иако главно резервирана за мажи.
- сума кавеја е највисокиот дел и обично била отворена за жени и деца.
Слично на тоа, првиот ред бил наречен прима (прва) кавеја, а последниот ред бил наречен кавеја ултима (крајна). Кавејата била дополнително поделена вертикално на кунеи. Кунеус (cuneus; латински „клин“; множина, cunei) бил дел во облик на клин разделен со скали (scalae).
Кавејата исто така се однесувала и на подземните ќелии во кои дивите ѕверови биле затворени пред борбите во римската арена.[2]
Наводи
уреди- ↑ „Roman Architecture“. Архивирано од изворникот на 2019-06-24. Посетено на 2021-11-21.
- ↑ Chisholm, Hugh, уред. (1911). Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press. Отсутно или празно
|title=
(help)