КПМГ (KPMG) — една од најголемите фирми во светот, која нуди професионални услуги . КПМГ вработува над 136,500 луѓе во глобална мрежа на професионално услужни фирми и тоа во над 140 земји. Вкупните приходи од фирмите членки на КПМГ во 2008 г. беа 22.7 милијарди американски долари (14.5% пораст од 2007 г.). КПМГ нуди три видови на услуги: ревизорски услуги, даночни услуги, и советодавни услуги.

КПМГ
ВидШвајцарки кооператив
Дејностпрофесионални услуги
Основано1987 г.,спојување од Пеат Марвик Интернешенал (Peat Marwick International) и Клинвелд Маин Гоердер (Klynveld Main Goerdeler)
Седиште Амстелвен, Холандија
Клучни личности
Тим Флин (Tim Flynn) (претседател на одбор и СЕО)

Џон Б. Харисон (John B. Harrison), Раководител на КПМГ Азија-Тихоокеанија

Бен ван дер Веер (Ben van der Veer), претседател на KPMG Europe, Среден Исток и Африкански регион
Услугиревизија,
даноци
давање совети
Доход 22,7 милијарди долари во 2008 г.
Вработени
136,896+
Мреж. местоwww.kpmg.com

КПМГ е дел од големата четворка заедно со фирмите Прајватерхаус Куперс, Ернст & Јанг и Делоит Туш Томатсу.

Историја

уреди

Рани години

уреди

Фирмата е основана во 1870 година кога Вилијам Барклеј Пит основа сметководствена фирма во Лондон. Во 1877 година Томсон МекЛинток отвора канцеларија во Глазгов и во 1911 г. Вилијам Барклеј Пит и Марвик Мичел се спојуваат во фирмата „Пит Марвик Мичел и Ко“. Фирмата беше позната како Пит Марвик.

Меѓувремено во 1917 г. Пит Клунвелд отвора сопствена сметководствена фирма во Амстердам. Подоцна тој се спојува со Крајенхоф и ја формираат „Клунвелд Крајенхоф Ко“.

Соединување

уреди

Во 1979 г. Томсон МекЛинток го основа КМГ (Клинвел Маин Горделер) како еден вид на групирање на независни национални фирми, со цел да се формира силна меѓународна фирма, која во основа би била европска. Подоцна во 1987 г. Томсон МекЛинток/ КМГ и Пит Маврик се соединуваат во првото големо спојување на врвни сметководствени фирми и во САД го формираат КПМГ. Истото го реализирале Пит Марвик и МекЛинток во ВБ.

Во 1990 г. двете фирми одредуваат заедничко име, КПМГ Пит Марвик МекЛинток, но во 1991 г. името е скратено на КПМГ Пит Марвик, а во 1995 г. името на фирмата е скратено на денешното КПМГ.

Во 1997 г. КПМГ и Ернст & Јанг објавија можно соединување, во обид кој се протолкувал како цел да се одговори на соединувањето на Прајсватерхаус и Куперс & Либранд. Сепак, спојувањето од кое произлезе ПрајсватерхаусКуперс беше одобрено од регулативните тела, а соединувањето на КПМГ/ЕЈ не беше реализирано.

Понова историја

уреди

Во 2001 г. КПМГ ги подели советодавниот оддел во УСА преку иницирана јавна продажба на КПМГ Консалтинг Инц, чие сегашно име е БеарингПоинт Инц.

Советодавните сектори во ВБ и Холандија беа продадени на Атос Оригин во 2002 г.

Во 2003 г. КПМГ се оддели од својот правен оддел Клегал и КПМГ ЛЛП и ги продаде на ФТИ Консалтинг.

Во октомври 2007 г. фирмите членки на КПМГ во ВБ, Германија, Швајцарија и Лихтенштајн се здружија за да го формираат КПМГ Европа. За претседатели беа назначени Јон Грифих- Џонс и Ралф Ноненмахер.

Во 2008 г. година беше објавено дека 2 фонда на Тремонт Гроупс Ри (Tremont Group’s Rye ) ревидирани од КПМГ, инвестирале 2.37 милијарди долари во Понци шемите (Madoff "Ponzi). Беа поднесени судски тужби .

На 14 јануари 2009 г. КПМГ заедно со „Дилојт“ го заменија Прајсватерхаус Куперс како ревизори во Индиската компјутерска фирма Сатиам Компјутер Сервисес (Satyam Computer Services). Сепак, Институтот на овластени ревизори во Индија (ICAI) поднел жалба за вклучувањето на КПМГ, бидејќи не биле регистрирани во Индија.

Глобална структура

уреди

Секоја национална КПМГ фирма е независно правно друштво и е член на КПМГ Интернационал, Швајцарски кооператив регистриран во Швајцарскиот кантон Цуг.

КПМГ Интернационал е предводен од:

• Тимоти Флин, претседател на регионот во Америка, претседател и СЕО на КПМГ ЛЛП (САД), го води КПМГ Интернационал од први октомври 2007 г.

• Карлос Тонг и Џон Б. Харисон, претседател на азиско-тихоокеанскиот регион, партнер на КПМГ Кина и Хонгконг

• Бен ван дер Веер, претседател на регионот Европа, Африка и Блискиот Исток, претседател на КПМГ Холандија.

Услуги

уреди

КПМГ ги нуди следните услуги:

Ревизија: Законска ревизија и ревизија на финансиските извештај

Даноци: Бизнис и персонални даноци

Советодавни услуги: Советодавните услуги што ги нуди КПМГ може да се поделат во три дела (развој, управување и перформанси) и 9 видови на услуги:

1. Сметководствено советодавни услуги

2. Услуги за бизнис перформанси

3. Корпоративни финансии

4. Услуги за управување со финансискиот ризик

5. Вештачење

6. Услуги на внатрешна ревизија, ризик и усогласеност

7. ИТ советување

8. Преструктуирање

9. Трансакциони услуги (Соединување и преземање (M&A))

Главни клиенти

уреди

Независните фирми на КПМГ работат како независни ревизори на големи корпорации:

Консалтинг: „Ацентуре“, „ФТИ Консалтинг“, „Гартнер“, „Шо Груп“ (Shaw Group)

Градежништво и недвижности: „АМЕК“, „Карилион“, „ЦБ Ричард Елис“, „КБР“, „Ленд Лиз Корпорација“, „Леитон Холдингс“, „Лексингтон Реалити Траст“, „Тишман Спајер“, „Џон Ланг ЛаСалл“, „Мирвак“

Енергија : „Калтекс“, „Цитко“, „Девон енерџи“, „Халибуртон“, „Худки“, „Куват Петролеум“, „ЛУКОИЛ“, „Мурфи“, „Оксиденшал перолиум“, „Петробрас“, „Релиан Енерџи“, „Синопек“, „ТрансКанада“, „Валеро Енерџи“

Финансиски услуги: „АИБ“, „Аетна“, „Алианс“, „Australia and New Zealand Banking Group“, „Банка на Источна Азија“, „Банка на Монтреал“, „Банка на Њујорк Мелон“, „Ситигруп“, „Climate Exchange“, „Кредит Свис“, „Деутше Банк“, „Деутше Берзе“ (Гарманска берза), „Дрстнер Банк“, „Фиделити Национал Финанциал“,„Фиделити Национал Информејшен Систем“, „Фрст Репаблик Банк“, „Insurance Australia Group“, „International Bank of Commerce“, „Иточу“, „Hang Seng Bank“, „ХБОС“, „ХСБЦ“, „Лег Масон“, „MassMutual Financial Group“, „Модис“, „Munich Re Group“, „Nationwide Financial“, „Northern Trust“, „Олд Мутуал“, “Орикс“, „фонд на Опенхајмер“, „Перпертал Лимитет“, „Постфинанс“, „Рајмонд Џејмс Фајненшал“, „Салмон Смит Бареј“, „Стандард Чартеред Банк“, „Травелерс“, „Виза Интернешенал“, „Ваховија“, „Велс Фарго“, „ИЦИЦИ“

Државни образовни органи: „ЦПС Енерџи“, „Сити оф Сант Антонио“, Универзитет Дуке, Универзитет „Цон Хопкинс“, Georgia Lottery, Канцеларија на персонален менаџмент, Универзитет „Св. Марија“, Универзитет „Св. Клара“, Државата Њу Церси, Државата Тексас, Државата Илинојс, Triumphant Institute of Management Education, Универзитетот во Чигаго, Американското министерство за енергија, Американското министерство за внатрешни работи, Американското министерство за внатрешни работи, Американското министерство за прада, Американското министерство за финансии.

Здравствена заштита: „Ансел“, фондацијата „Кајзер“, „Рес-Кер“, Providence Health System, Шведски здравствени услуги, Mount Auburn Hospital, партнери во здравство, „Медстар“, Универзитетот за медицина во Мериленд.

Хотели: Hyatt Corporation

Индустриско производство: „Ашаи“, „“БАСФ“, „БМХС“, „БМВ“, „Борал“, „Кемикс“, „Дајмлер Крајслер“, „Генерал електрикс“, Greatpac, „Хонда“, Jabil Circuit, „Коматсу Лимитет“, Matsushita Electric Industrial Co., „Митсубиши Електрик“, „Навастер Интернационал“, „Северстал“, „Сумитомо Груп“, ThyssenKrupp AG, Weyerhaeuser

Медиуми: „БиБиСи“, „Бертелсман“,ИТВ, „Метро интернешенал“, National Geographic Society, „НБЦ Универсал“, R.H. Donnelley, RealNetworks, „Сега“, „Сони БМВ“, „Сан- Тајмс Медиа Груп“, Wolters Kluwer, „Вирџинија Груп“

Рударство: БХП Билтон, Русал

Фармација: Пфитцер

Продажба на мало и производи за широка потрошувачка: „Алберто- Кулвер“, „Арла“, „“„Асахи Бреверис“, Associated British Foods, „Бургер Кинг“, „Каргил“, „Чарлсберг“, „Керфор“, „КонАгра Фуд“, „Костко“, „Дарден Ресорантс“, „Диаго“, Федералниот оддел за стока, „Џек инт хе бокс“,

Технологија: „Адобе Системс“, Applied Materials, „Бекхем Култер“, Boston Scientific, „Броадком“, „Карл Цајс АД“, КА Инц., „Цернер“, „ЦНЕТ Некворкс“, Dolby Laboratories, Електроник Артс, „ЕДС“, „Ериксон“, „Инфосис“, LG Group, „Моторола“, National Semiconductor, „Невтек“, „Нортел“, Olympus Corporation, „Филипс“, „Самасунг“, „Санмина- СЦИ“, SXC Health Solutions, Symantec, TDK Corporation, „ТиВО“, „ВебЕкс“, Wipro Technologies, VeriSign

Телекомуникации: „Кејбел & вајерлес“ Cablevision, „Центури Тел“, „Кина Мобиле“, „Кина Телеком“, „Ембарк“, „Телеком Њу Зеланд“, „ПЦЦЦВ“, Rogers Communications, „Спринт НекстТел“, „Квест“

Туристички агенции и транспорт / авиокомпании: „Ер Френс“ , „Аласка Ерлајнс“, „Амтрак“ , „Азиан Ерлајнс“, „Бринкс“, „БМВ, „Катај Пацифик“, China Southern Airlines, „Крајслер ЛЛЦ“, „Дајмлер АД“, „Изи Џет“, ЕВС, „ЕВА Ер“, „Фронтиер Ерлајнс“, КЛМ, МТР, Norfolk Southern Railway, „Квантас“, „Рајнер“, „УС Ерлајнс“, „Вест Џет“

Име и марка

уреди

Името КПМГ произлегува од имињата на четири партнери од фирмите кои со соединување го создадоа КПМГ.

• Кстои за Клинвелд. Ова произлегува од сметководствената фирма Клинвелд Крајенхоф & Ко. (Klynveld Kraayenhof & Co.) основана во 1917 година во Амстердам.

• П стои за Пит, потекнува од сметководствената фирма Вилијам Барклајс Пит & Ко., основана од Вилијамс Барклајс Пит во Лондонво 1870 година.

• М стои за Марвик. Џејмс Марвик ја основа сметководствената фирма Марвик Митчел & Ко заедно со Роџер Митчел во Њујорк во 1897 година.

• Г стои од Горделер. Д-р Реинхард Горделер многу години бил претседател на фирмата Дојче Тројханд- Гезелшафт (German Deutsche Treuhand-Gesellschaft (DTG)) и е сегашен претседател на одбор на КПМГ. Нему му се препишува најголем дел од заслугите при соединувањето со КПМ.

Вработени

уреди

КПМГ во САД е рангиран помеѓу најдобрите 10 фирми за вработени мајки. Исто така се рангира на 71 место на листата од магазинот Фотјун од вкупни 100 најдобри фирма за кои вреди да се работи. За тоа гласале вработените.

КПМГ се рангира на 5 место од 125 фирми со најдобри програми за обука на своите вработени. Тоа рангирање е според магазинот Трејнинг. КПМГ е најпреферирана компанија од големата четворка на сметководствени компании според College Grad.com. Исто така во 2008 г. е рангирана на 5 место на листата од 50-те најдобри компании за започнување на кариера.

Во 2008 г. КПМГ во Велика Британија од страна на магазинот Тајмс беше прогласена за најдобра голема компанија. Ова е четврта последователна година во која КПМГ се наоѓа во првите 3 фирми, а од четирите години, таа победи 3 пати. Ако КПМГ оствари подобра позиција на половина од истражувањето ги наградува вработените, кои учествувале на истражувањето. Тие добиваат повеќе слободни денови, при што има големо влијание врз тоа како вработените одговараат на анкетата, а со тоа се поставува прашањето дали се вистинити одговорите.

Во 2009 г. КПМГ во Велика Британија претстави програма наречена Флексибилни Можности (Flexible Futures). Со оваа програма им се нуди можност на вработените во фирмата, кои доброволно ќе се пријават, да бидат пратени на принуден одмор со додатни 30% од плата до 12 недели, или да им се намали работното време на 4 работни дена во неделата. Таа можност ќе стане реалност од октомври 2010. Сепак, досега оваа опција не е користена. КПМГ оваа програма се рекламира како алтернатива за прогласување на технолошки вишок. Реакциите во фирмата се позитивни за околу 75% од доброволно пријавените вработени. Сепак, преку 100 вработени се прогласени за технолошки вишок пред да биде претставена оваа програма. На таквиот потег КПМГ се наоѓа под критика за дволичност во пораките што ги испраќа.

Во октомври 2008 г., КПМГ е прогласен за еден од 100 најдобри работодавачи во Канада. Тоа е направено од страна на Медиакорп Канада. Во истиот месец КПМГ е прогласен за најдобар работодавец во Торонто од дневниот весник Торото Стар.

Критика

уреди

Рајт Еид (Rite Aid)

уреди

Во 2003 година, КПМГ се согласи да плати 125 милиони долари за да реши тужба која произлезе од синџир на аптеки „Рајт Еид“.

Леарноут & Хауспие

уреди

Во 2004 г. КПМГ се согласи да плати $115 милиони за да реши тужба која поизлезе од колапсот на софтверската компанија „Леарноут & Хауспие“

Даночни измами

уреди

Во почетокот на 2005 г., членката на КПМГ од САД беше обвинета од американското Министерство за правда за измама со маркетинг даночните засолништа. КПМГ го призна злосторството за да им помогне на своите богати клиенти да не плаќаат 2.5 милијарди долари на даноци. КПМГ се согласи да плати 456 милиони долари казна. КПМГ нема да се соочи со тужба доколку се согласи си барањата на владата. На 3 јануари 2007 г., тужбите против КПМГ биле откажани. Но федералниот адвокат Мајкел Ј. Гарсија изјавил дека тужбите можат повторно да бидат покренати ако КПМГ не се придружи на надгледувањето до септември 2008 г.

Пред спогодбата и по прифатеното мислење на советот Скаден, Арпс, Слате, Мегер & Флум ЛЛП, разрешија неколку даночни советници и признаа однесување спротивно на законот. Фирмите се согласија да соработуваат со инспекторите од Министерството за правда и ги поддржаа судските надгледувања против поранешните партнери, кои ги создадоа даночните измами. Дополнително, фирмите го изнајмија поранешниот судија Свен Ерик Холмс за да ги набљудува и следи правните и регулаторни обврски.

Сименс

уреди

Во февруари 2007 г. КПМГ Германија беше под истрага поради игнорирање на одредени плаќања во случај на поткупување од страна на „Сименс“. Притоа „Сименс“ се согласиле да платат рекордни 1.34 милијарди долари казни за да го разрешат случајот во декември 2008 г.) Во ноември 2008 Надзорниот одбор на Сименс предложил промена на ревизорот од КПМГ на Ернст & Јанг.

Останато

уреди

Во 2006 г., „Фани Мае“ го тужат КПМГ поради непрофесионалност и за погрешни финансиски извештаи.

Во март 2008 г. КПМГ беа обвинети за тоа што овозможиле несоодветна и погрешна практика во „Њу Центури Финанциал“ (New Century Financial), за пропадната хипотекарна компанија и КПМГ се согласи за плати 80 милиони долари за да ја разреши тужбата од акционерите на Ксерокс за манипулирање со извештаите за добивката.

Спонзорства

уреди

Во февруари 2008 г., Фил Микелсон, рангиран како еден од најдобрите голфери во светот, потпиша тригодишен глобален договор за спонзорство со КПМГ. Како дел од договорот Микелсон на неговата опрема ќе го носи логото на КПМГ за време на сите негови голф настапи. Покрај Тајгер Вудс кој поради повреди го пропушта поголемиот дел од сезоната, Микелсон има разочарувачка сезона, се бори со вишокот килограми и проблеми надвор од терените. Тој беше на седмо место на клубот ФедЕкс во споредба со ланската година.

Значајни поранешни и моментални вработени

уреди

Бизниси • Маргарет Џексон – претседател на Квантас (2000-2007)

• Сид Кеслер - претприемач

• Мишел О Лери - CEO of Рајанер (1994-уште на таа позиција)

• Зарин Пател - CFO of the БиБиСи

• Колин Шарман, Барон Шаран – претседател на Авива (2006-уште на таа позиција)

• Г. Мишел Раке- претседател на БТ (2007- уште на таа позиција)

• Кери Б. Андерсон- CEO и претседател на Вендис Интернешенал Инц. (2007 – уште на таа позиција)

Политички и јавни услуги • Стив Бракс - премиер на Вирџинија, Австралија (1999-2007)

• Џери Финел – градоначалник на Дел Мар, Калифорнија, (2004-уште на таа функција)

• Ник Гиб – пратеник на британскиот парламент (1997-уште на таа функција)

• Марк Харпер – пратеник на британскиот парламент (2005-уште на таа функција)

• Тоби Харис, Барон Харис од Харингеи – член на лондонското собрание (2000-04); преседател на Metropolitan Police Authority (2000-04)

• Михаел Хист – пратеник на британскиот пратеник (1983-87)

• Едмунт Хо – раководител на извршна власт во Макао (1999-уште на таа функција)

• Хилбранд Навијн – холандски министер за интеграции (2002-2003)

• Л. Глен Пери – главен сметководител на американската комисија на обврзници и размена (1982-1984)

• Квин Руд – австралијански премиер (2007-уште на таа функција)

• Рита Вердонк – холандски министер за интеграции и имиграции (2003–2007)

• Салман Тасер – гувернер на провинцијата Пунјаб, Пакистан (2008-уште на таа функција) • Ивен Лидиард – помлад советник за даници на сенаторот Орин Хетш

Другo • Лесли Ферар – благајник на Чарлс, принц на Велс

• Арм Калт – омилен светец на муслиманите.

• Брус Маршал – писател

• Михаел Пит – главен приватен секретар на Чарлс, принц на Велс

• Нте Силвер – менаџерски партнер на Baseball Prospectus, создавач на ПЕЦОТА и создавач на политичкиот блок FiveThirtyEight.com.

• Паул Тисдале – поранешен фудбалер

• Џон ван дер Валт – шумски ревизор

• Катерина Јушченко- Чумаченко – жена на Виктор Јушченко, моментален претседател на Украина

• Бернард Авишаи – писател

• Паул Либерштајн – глумец, филмски автор, Тхе Офис (САД) The Office (US)

• Бери Хирн - спортист

Користена литература

уреди

FTI Consulting Completes Acquisition of Dispute Advisory Services Business Of KPMG

Charge Against KPMG Dropped Carrie Johnson, 4 јануари, 2007, Washington Post

Prosecutors end tax-shelter case against KPMG, dropping charge after settlement 3 јануари, 2007, International Herald Tribune

'Tis the season to project stats Jonah Keri, 14 февруари, 2007, ESPN

Врски

уреди