И Бог ја создаде кафанската пејачка
„И Бог ја создаде кафанската пејачка“ (српски: И Бог створи кафанску певачицу) — филм на режисерот Јован Живановиќ од 1972 година, снимен по сценариото на Богдан Јовановиќ и Гордан Михиќ. Во главните улоги настапуваат: Вера Чукиќ, Велимир Бата Живојиновиќ, Жика Миленковиќ, Павле Вуисиќ и Лепа Лукиќ.
Синопсис
уредиВо една кафеана во мало место крај браната на Ѓердап се раѓа љубов меѓу кафанската пејачка, оптоварена со своето минато, и сериозен работник, вработен на градилиштето на хидроцентралата. Набргу, тие се венчаваат, но тоа го означува почетокот на една сурова драма, зашто луѓето во таа средина не сакаат да го заборават минатото на пејачката.[1]