Ифимедија
Ифимедија во старогрчката митологија била триопова ќерка и алоејева сопруга.
Митологија
уредиИфимедија страсно го сакала Посејдон и секојдневно на морскиот брег ја излевала водата во своите гради. Тој накрај и се прикажал во вид на речниот бог Енипеј и водел љубов со неа, па таа зачнала и ги родила Алоади (От и Ефијалт).[1] Според друго предание, тој никогаш не се појавил, па таа со морската вода ги полеала своите гениталии и така забременила.[2] Имала и ќерка Панкратија и двете биле грабнати од трачанските пирати и ги одвеле на Наксос или Санторини, но сепак ги вратиле на Алоадите.[3]
Култ
уредиНејзиниот гроб, како и гробовите на нејзините синови се прикажувани во Антедон, а таа била обожавана како хероина во Миласија во Карија.[3]
Во уметноста
уредиЈа претставувал старогрчкиот сликар Полигнот од Делфи.[3]
Наводи
уреди- ↑ Цермановић-Кузмановић, А. & Срејовић, Д. 1992. Лексикон религија и митова. Савремена администрација. Београд.
- ↑ -{in2greece.com: iphimedeia}-, Посетено на 8. 4. 2013.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 -{Greek Mythology Index: Iphimedeia}- Архивирано на 30 септември 2017 г., Посетено на 8. 4. 2013.