Италијанскиот џало (giallo all'italiana), познат и како трилинг, шпагети трилер[1] или само џало, беше кинематографски жанр од Италија во 1960-тите, потоа развиен во 1970-тите. Овој жанр има различни одлики во споредба со класичното џало од романите и филмовите дотогаш. Италијанското џало, всушност се состои од трилер сцени и теми преземени од хорор филмовите, од жанрот слешер и од филмовите за експлоатација.

Валентина Кортезе во сцена од филмот La ragazza che sapeva troppo во режија на Марио Бава (1963)

Историја

уреди

Првите џало

уреди

Веќе во раните години на дваесеттиот век, италијанската кинематографска продукција содржеше филмови кои имаа одлики на жанрот што се раѓал последователно: италијанскиот џало. Дел од нив се инспирирани од театарски и книжевни дела, како: La mano della morta од 1916, Il triangolo giallo и La banda dei rossi. Дел од писателите, чиишто дела од овој жанр доживеале филмска транспозиција се: Каролина Инверницио, Емилио де Марки, Џулио Пичини, Ремиџо Ѕена, Лујџи Натоли, Артуро Оливиери СанЏакомо, Матилде Серао, Салваторе Фарина и многу други. Ваквите писатели со нивните дела ќе ги постават темелите на жанрот, а во 1929 издавачката куќа Мондадори ќе ја отпочне едицијата на Џало книги. Благодарение и на други писатели, таквите книги ќе станат основа за трансопзиција од роман во филмови. Од тој период се појавуваат писатели како: Алесандро Варалдо, Алесандро де Стефани, Тито А. Спањол, Аугусто де Анџелис, Енцо Д’Ерико и Франко Ена.

Филмската продукција доживува дополнителен подем со звукот и звучните ефекти. Такви филмови се: Corte d'Assise, Grattacieli, Stasera alle undici и Joe il rosso. Од првите џало како: Ai margini della metropoli, Un maledetto imbroglio, Il bivio, Persiane chiuse, Operazione Mitra, Terrore sulla città, Cronaca di un delitto и Pensione Edelweiss, а во 1963 година се раѓа италијанскиот џало.

60-ти години

уреди

Во 1963, Марио Бава го претставува на публиката филмот La ragazza che sapeva troppo, во улога на Валентина Кортезе, Џон Саксон и Летисија Роман. Се работи за мрачна приказна со доза на иронија, а протагонистот е еден изопачен и засташувачки лик, кој предизвикува ужаси и смрт на улиците во Рим. Со текот на времето овој филм почнал да се смета за првиот џало, по него следеа други со слични елементи. Дотогаш филмовите со мрачни теми, отсекогаш се сметале за нереални поради готските места или поради тоа што биле сместени во минатото, создавајќи на тој начин емотивна оддалеченост помеѓу настаните и публиката.[2]

Податотека:Sei donne per l'assassino.jpg
Убиецот без лице во Sei donne per l'assassino (1964) во режија на Марио Бава, филм кој го дефинираше жанрот

Меѓутоа за сублимат на жанрот се смета филмот Sei donne per l'assassino од 1964 исто така во режија на Бава. Во филмот убиецот е облечен во темен мантил, ракавици и шешир; дел од сцените се од неговата перспектива, а местата на злосторствата се особено елаборирани и крвави (позната е онаа сцена во која убиецот го притиска неколкупати лицето на жртвата со жешка пегла). Сето тоа е проследено со вознемирувачка музика (како познатите мелодии на музичката група Гоблин), па дури и голотија (иако не е експлицитна), но станува типичен елемент во филмовите што следат низ годините.

Помеѓу крајот на 60-тите и почетокот на 70-тите се појавува нов поджанр: еротски џало во кој поголемо внимание се дава на сексуалните елементи во приказната, а режисерот Умберто Ленци го дефинира како и врвен трилер. Истиот тој ја режира трилогијата на филмовите: Orgasmo (1969), Così dolce... così perversa (1969) e Paranoia (1970), филм, во кој се мешаат еротиката и психологија со интригите на благородниот свет. Друг познат режисер на овој жанр е Серџо Мартино, со филмовите: Lo strano vizio della signora Wardh (1971), Tutti i colori del buio (1972) и Il tuo vizio è una stanza chiusa e solo io ne ho la chiave (1972). Други филмови кои се дел од овој поджанр се: Il dolce corpo di Deborah (1968) во режија на Ромоло Гуериери, Nude... si muore (1968) во режија на Антонио Маргерити, Femmine insaziabili (1969) во режија на Алберто де Мартино, 5 bambole per la luna d'agosto (1970) во режија на Марио Бава, (Perché quelle strane gocce di sangue sul corpo di Jennifer? (1972) во режија на Џулијано Карнимео, Ragazza tutta nuda assassinata nel parco (1972) во режија на Алфонсо Бреша, Nude per l'assassino (1975) во режија на Андреа Бијанки и Il vizio ha le calze nere (1975) во режија на Тано Чамароза.

70-ти: трилинг

уреди
Податотека:Giornata nera per l'ariete - Snapshot.jpg
Росела Фалк во Giornata nera per l'ariete во режија на Лујџи Базони (1971)

Во текот на 70-тите, сè повеќе филмовите се развиваат во детали на визуелен план: злосторствата стануваа сè покрвави, а нивниот приказ поекспресивен.

Помеѓу 1970 и 1971 излегуваат три такви филма во режија на Дарио Арџенто: L'uccello dalle piume di cristallo, Il gatto a nove code и 4 mosche di velluto grigio. Арџенто, модернизирајќи ги стилот и техниката како Бава, постигнува огромен успех, пред сè во САД. Темите во филмовите биле многу слични на детективските аргентински приказни. Во споредба со претходните филмови, кај новосоздадените се обрнува големо внимание на разработка и сценската поставеност на злосторствата, со поголема употреба на специјални ефекти, поретко користени дотогаш. Овој поджанр на филм го добил називот возбудлив (thrilling), од глаголот возбудува (thrill) со буквално значење да се наежиш од емоции.

Податотека:Profondo rosso.jpg
Џулијана Каландра во сцената што предвидува ново убиство од филмот Profondo rosso во режија на Дарио Арџенто (1975), најпознатото дело на жанрот.

Трилинг филмовите добиваа сè понасилна и еротска конотација, концентрирајќи се, пред сè во описите на фигурата на убиецот, како на физички аспект така и на неговите психолошки одлики. Намерата на тоа било гледачот да биде што е можно поприсутен во злосторството, преку очите на убиецот, користејќи за таа цел релативно нова кинематографската техника, наречена субјективна. Таа се состои во различниот приказ на претставување на сцените, односно приказот на една сцена изгледа како да е од перспективата на сторителот на злосторството. Убиецот често бил претставуван како психопат, додека пак главните ликови не се интуитивниот инспектор ниту пак бестрашниот дежурен полицаец, туку обични луѓе што сосема случајно се запознаваат и завршуваат заплеткани во одреден настан. На тој начин, убиецот станува главен лик и симбол на жанрот, а давајќи му толкава важност во приказната, дури и содржината на дејствата понекогаш доаѓа во втор план.

Подемот на жанрот

уреди
Податотека:Finestra che ride.jpg
La casa dalle finestre che ridono во режија на Пупи Авати (1976): еден од вознемирувачките прозорци.

Покрај имитирањето на содржините во филмовите, новите трилинг носат слични наслови како првите филмови на Дарио Арџенто, кој продуцирал многу филмови и во странство, збогатувајќи го жанрот. Едни од најпознатите филмови се: L'uccello dalle piume di cristallo, La tarantola dal ventre nero, La coda dello scorpione, Una farfalla con le ali insanguinate, L'iguana dalla lingua di fuoco, La sanguisuga conduce la danza, L'uomo più velenoso del cobra, Il gatto dagli occhi di giada, Gatti rossi in un labirinto di vetro, La volpe dalla coda di velluto, Il sorriso della iena, Nella stretta morsa del ragno.

Но, се создавале и многу авторски филмови, слични на аргентинскиот модел, како: Giornata nera per l'ariete во режија на Лујџи Бацони, Il profumo della signora in nero во режија на Франческо Барили, Cosa avete fatto a Solange? во режија на Масимо Даламано, E tanta paura во режија на Паола Кавара, La corta notte delle bambole di vetro и Chi l'ha vista morire? во режија на Алдо Ладо, La donna della domenica во режија на Лујџи Коменчини, Gran bollito во режија на Мауро Болоњини и Il mostro во режија на Лујџи Ѕампа.

Вистинскиот подем на трилинг надоаѓа во 70-тите години, дури преку триесет вакви филмови се објавени помеѓу 1971 и 1972, во режија на најголемите италијански имиња од овој жанр. Меѓу нив се: Mio caro assassino во режија на Тонино Валери, возбудлив, но долг период занемарен трилер[1], и L'etrusco uccide ancora во режија на Армандо Криспино, еден од првите филмови кој содржи и елементи од хоророт.

Во 1975 Дарио Арџенто го објавува Profondo rosso (првично требало да го носи името La tigre dai denti a sciabola), филм кој доживува голем успех и на меѓународно ниво. Според критичарите и фановите се смета за еден од најуспешните филмови од италијанското џало. Меѓу трилинг филмовите, Profondo rosso е сигурно најпознатиот и најуспешниот филм, кој и до ден денес успешно се емитува на телевизија.

Податотека:Sette note in nero (bambina).JPG
Sette note in nero во режија на Лучо Фулчи (1977): деталите на очите, типична стилска одлика на режисерот.

Лучо Фулчи, благодарение на неговите филмови станува еден од идните претставници на италијаскиот сплател. Некои од најпознатите се: Una sull'altra, Una lucertola con la pelle di donna, Non si sevizia un paperino и Sette note in nero.

Во 1976 Пупи Авати го режира филмот La casa dalle finestre che ridono, еден од најпознатите италијански џало филмови. А веќе следната година ја режира пародијата Tutti defunti... tranne i morti, која покрај истите режисер и сценаристи, голем број од глумците се од претходниот филм.

Други филмови што се предвесници на жанрот слешер (особено на холивудската серија на филмови Venerdì 13 [2] ), се: Reazione a catena во режија на Марио Бава или I corpi presentano tracce di violenza carnale во режија на Серџо Мартино.

80-ти: пад

уреди

Со доаѓањето на 80-тите години, во САД почнува продукција на нов вид на трилер и хорор филмовите, поради тоа италијанскиот џало полека доживува пад.

Податотека:SottoVestitoNiente1.png
Рене Симонсен во Sotto il vestito niente во режија на Карло Ванзина (1985), едно од последните дела на овој жанр.

Има неколку филмови кои останаа доследни на првите филмови од жанрот, меѓу нив се: Tenebre, Phenomena и Opera во режија на Дарио Арџенто, Macabro, La casa con la scala nel buio, Morirai a mezzanotte и Le foto di Gioia во режија на Ламберто Бава (син на Марио Бава), Caramelle da uno sconosciuto во режија на Франко Ферини, L'assassino è ancora tra noi во режија на Камило Тети, Il mostro di Firenze во режија на Чезаре Фераро и Tramonti fiorentini во режија на Џани Сиракуза и Паоло Фрајоли (последните три филмови се инспирирани од Чудовиштето од Фиренца  (Mostro di Firenze)), Lo squartatore di New York и Murderock - Uccide a passo di danza во режија на Лучо Фулчи, Mystère и Sotto il vestito niente од Карло Ванцина (со апокрифно продолжение во режија на Дарио Пијана).

Наводи

уреди
  1. Palmerini; Mistretta & p. 147.
  2. 2,0 2,1 „Breve percorso nel giallo all'italiana“. Il Davinotti.

Библиографија

уреди