Исус Христос (кована пара)


Исус Христоскована пара за колекционерски цели издадена од страна на Народната банка на Република Македонија во 2017 година како дел од збирката „Триптих“.

Исус Христос
Лице
Опачина
Поединости
Номин. вредност 10 денари
Метал сребро 925
Тежина 10,0 г
Димензии 30 x 22 мм
Облик правоаголен
Издадена 2017

Опис уреди

Лице уреди

На лицето, во средишниот дел од монетата е прикажан Грбот на Република Македонија и натписите: „10 денари“ и „Република Македонија“ (на македонски јазик), како и годината на издавање „2017 година“. Околу грбот е прикажан украс по должината на периметарот.[1]

Опачина уреди

На опачината, во средишниот дел од монетата е прикажан портретот на Исус Христос. Средишната слика е претставена врз основа со украс. Над портретот е прикажано името на Исус Христос како што традиционално се користи во иконописот.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „Комплет ковани пари за колекционерски цели: „ТРИПТИХ". Посетено на 8 јануари 2018.