Историја на Сенегал

Во текот на 6 век, територијата на денешен Сенегал бил населен од страна на народите Волоф и Серер, а во 9 век пристигнале Тукулорите чија држава станала доминантна на овие простори. Во 11 век до Сенегал пристигнал исламот преку Алморавидската династија. Од 14 век била формирана државата на народот Волоф, а во 16 век се распаднала на повеќе делови. Контактите со европските колонизатори започнале кон 15 век, главно од Португалските морепловци и трговски. Во следниот, 17 век, Французите станале најголема сила на овие простори, по кое следувало француското колонизирање на земјата. По крајот на светските војни бројот на сенегалското население се зголемило, а со тоа се појавиле и првите движења кои се бориле за независност. Својата независност земјата ја стекнала на 20 август 1960 година.