Исповед (расказ на Иво Андриќ)
Исповед (српски: Ispovijed) - расказ на писателот Иво Андриќ.
Содржина
уредиСеланецот Петар Љољо пристигнува во католичкиот манастир, со молба игуменот да испрати еден калуѓер за да го исповеда познатиот разбојник Иван Роша, кој тешко болен се вратил во родниот крај. Калуѓерот Марко се нафаќа да ја изврши задачата и заедно со Љољо оди во пештерата каде лежи разбојникот. Тој најпрвин одбива да се исповеда, но по упорното убедување најпосле се согласува. Во долгата исповед, калуѓерот излегува вџашен од бројните страшни гревови кои ги направил разбојникот. Кога сака да се врати во манастирот, Љољо го повикува да се врати и тие го наѓаат Роша умрен, потпрен на едно млада јасика. Враќајќи се кон манастирот, фра Марко постојано се прашува, зошто луѓето прават гревови.[1]
Осврт кон делото
уредиЧетири раскази на Андриќ, „Во мусафирханата“, „Во занданата“, „Исповед“ и „Покрај казанот“, се посветени на католичкиот калуѓер Марко Крнета. Во нив, авторот сликовито го портретирал ликот на калуѓерот како суров селанец, човек на елементарната природа, но со невино срце зачудено пред злото со кое е обвиен светот. Притоа, Андриќ ја создава личноста на фра Марко супериорно интелектуално и несентиментално, но и без иронија кон неговата неученост и примитивност.[2]