Исак џамија (Битола)
џамија во Битола
(Пренасочено од Исак Челеби џамија)
Исхак Челеби Ибн Иса џамија е изградена во 1506 година и таа е една од најстарите зачувани џамии во Битола. Наспроти Саат Кулата, и Големиот Безистен, оваа џамија чиј минарет е висок околу 50 метри, едноставно доминира во просторот.
Исхак Челеби џамија | |
---|---|
Основни податоци | |
Место | Битола, Македонија |
Координати | 41°00′04″N 21°12′00″E / 41.001055° СГШ; 21.200005° ИГД |
Припадност | ислам |
Архитектонски опис | |
Архитектонски тип | џамија |
Завршен | 1506 |
Особености | |
Куполи | 1 |
Минариња | 1 |
Оваа џамија била само дел од големиот вакаф на ктиторот кој освен оваа џамија изградил и медреса, мектеб, 103 дуќани, лозја, 20 воденици и многу други објекти.