Семрежен активизам
(Пренасочено од Интернет активизам)
Семрежен активизам (интернет-активизам, електронско застапување, сајберактивизам, е-кампања, и e-активизам) — употребата на електронските технологии за општење како што се друштвените медиуми, особено Фејсбук и Твитер, Јутјуб, е-пошта, за различни облици на активизам, дејност, за да се овозможи побрзо општење помеѓу граѓанските движења и испорака на локални информации сред голема публика. Интернет технологите се користат за прибирање на финансиски средства, градење на заедница, лобирање, како и организирање.