Интегрално коло

(Пренасочено од Интегрални кола)

Интегрално коло или интегрирано коло (чип или микрочип) — електронски уред наменет за определена намена кој се состои од повеќе транзистори споени во струјно коло. За разлика од транзисторите, интегралното коло во себе содржи цели електронски шеми со различни делови како што се транзистори, отпорници, кондензатори и др. Првото интегрално коло го осмислил Џек Килби во 1958 г.

Графички приказ на пресек на интегрално коло.
Првото интегрално коло на Џек Килби

Интегралното коло се состои од куќиште, кое е од пластика или керамика, изводи со кои се поврзува на печатена плочка и полупроводнички елемент во средината на интегралното коло, кој со изводите најчесто е поврзан со многу тенки златни проводници.

Бројот на изводи зависи од типот на интегралното коло т.е. од неговата намена и може да се каже дека тој број на изводи е стандарден за различни функции.

Постои цел спектар на интегрални кола кои извршуваат различни функции, некои од нив се:

Заради големиот број на елементи на мал простор често има потреба да се ладат со дополнителни уреди. Тоа е редовен случај кај микрообработувачите.

Интегралните кола предвидени за стандардна употреба имаат температурен опсег од 0 до +55 °C, додека за воените употреби тој опсег опфаќа од -15 до +70 °C.

Поврзано

уреди