Инеке де Мортел е белгиска применета математичарка во Шкотска, каде што е професор по применета математика на универзитетот Св. Ендрјус, директор за истражување на Училиштето за математика и статистика во Св. Ендрус,[1] како и претседател на Единбуршкото математичко друштво.[2] Нејзиното истражување се однесува на компјутерското и математичкото моделирање на сончевата физика, а особено на Сончевата корона.[1][3]

Образование и кариера

уреди

Де Мортел магистрирала по математика во 1997 година во КУ Леувен.[4] Го завршила докторатот по сончева физика во 2001 година на Универзитетот Св. Ендрјус; нејзината дисертација, Теоретски и опсервациски аспекти на распространетоста на брановите во Сончевата Корона, била надгледувана од Алан Худ. Таа останала во Св. Ендрјус како постдокторски истражувач и научен соработник, станувајќи читател таму во 2008 година и професор во 2013 година.[4]

Признанија

уреди

Во 2005 година, де Мортел станала соработник на Кралското астрономско друштво.[4] Во 2009 година ја освоила Филип Леверхулм наградата за астрономија и астрофизика.[5] Таа била избрана во Кралското друштво од Единбург во 2015 година, а претходно била ко-претседавач на придружното друштво, Младинската академија на Шкотска.[3]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Ineke De Moortel, University of St Andrews, Посетено на 2018-02-14
  2. Female Presidents for Three Maths Societies, Institute of Mathematics and its Applications, 5 January 2018, Посетено на 2018-02-14
  3. 3,0 3,1 Professor Ineke De Moortel FRSE, Royal Society of Edinburgh, Посетено на 2018-02-14
  4. 4,0 4,1 4,2 Curriculum vitae (PDF), 30 August 2017, Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-11-04, Посетено на 2018-02-14
  5. Philip Leverhulme Prize Winners 2009 (PDF), The Leverhulme Trust, Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-02-15, Посетено на 2018-02-14

Надворешни врски

уреди