Индекс на телесна маса

Индекс на телесна маса (ИТМ) е вредност добиена од масата и висината на индивидуата. ИТМ е дефинирана како однос помеѓу телесната маса и квадратот на телесната висина, и се изразува во единици на kg/m2.

Предлошка:Name
Дијагностика
MeSHD015992
MedlinePlus007196
LOINC39156-5

ИТМ претставува обид да се квантифицира количеството на ткивна маса (мускули, маснотии, и коски) кај индивидуата, и притоа да ја категоризира во следниве категории неухранетост, нормална тежина, прекумерна тежина, и гојазност во зависност од добиената вредност.