Имитација (уметност)

Имитација е доктрина на уметничко творештво според која творечкиот процес треба да се заснова на блиска имитација на ремек-делата на претходните автори. Овој концепт првпат бил формулиран од Дионисиј од Халикарнасес во 1 век п.н.е. како imitatio и оттогаш доминирал речиси две илјади години во западната историја на уметностите и класицизмот.[1] Платон ја сметал имитацијата како општ принцип на уметноста, бидејќи самата уметност ја гледал како имитација на животот. Оваа теорија била популарна и добро прифатена во текот на класичниот период.[2] За време на периодот на ренесансата, имитацијата се сметала за средство употребено за да се стекне личен стил; на ова алудираат уметниците од таа ера како Кенино Ченини, Петрарка и Пјер Паоло Вержерио.[3] Во 18 век, романтизмот се спротивставил на овој концепт со создавањето на институцијата романтична оригиналност.[1] Во 20 век, модернистичките и постмодернистичките движења за возврат ја отфрлиле романтичната идеја за креативност и ја зајакниле практиката на имитирање, копирање, плагијат, препишување, присвојување и така натаму како централно уметничко средство.

Белешки уреди

  1. 1,0 1,1 Shroder (1972) p.282 quote:

    The doctrine of imitation, to which Nodier indirectly refers, had of course dominated classicism from its inception, when Du Bellay recommended it in the Defense et illustration de la langue francaise. The rejection of that doctrine was a basic tenet of romanticism; as Hugo put it in his preface to the 1826 edition of Odes et ballades, 'celui qui imite un poete romantique devient necessairement classique, puisqu'il imite.'


  2. Verdenius, Willem Jacob (1949). Mimesis: Plato's Doctrine of Artistic Imitation and Its Meaning to Us (англиски). Brill Archive. ISBN 978-90-04-03556-0.
  3. Bolland, Andrea (1996). „Art and humanism in early Renaissance Padua: Cennini, Vergerio and Petrarch on Imitation“. Renaissance Quarterly. 49 (3): 469–487. doi:10.2307/2863363. JSTOR 2863363 – преку JSTOR.

Наводи уреди

Предлошка:Appropriation in the Arts