Имитатор на гласови

„Имитатор на гласови“ (германски: Der Stimmenimitator) — збирка раскази на австрискиот писател Томас Бернхард, првобитно објавена во 1978 година од издавачката куќа Зуркамп (Suhrkamp) од Франкфурт (ISBN 978-3-518-37973-8).[1]

Содржина

уреди

Збирката содржи вкупно 104 куси раскази:[2] „Хамсун“, „Имитатор на гласови“, „Лична навреда“, „Фурати“, „Проспект“, „Пиза и Венеција“, „Страв“, „Патување во еден правец“, „Внатрешна принуда“, „Спелеолози“, „Во Лима“, „За малку“, „Пример“, „Милосрдие“, „Добар совет“, „Предрасуда“, „Сомнеж“, „Замена“, „Утрински воз“, „Убава глетка“, „Обратно“, „Хотел Валдхаус“, „Шумарот Хаумер“, „Сериозност“, „Премногу“, „Рецепт“, „Разочарани Англичани“, „Најуспешен концерт“, „Научни цели“, „Остроумни или малоумни“, „Карактер“, „Заблудата на Мошпругер“, „Пошта“, „Тврдење“, „Комедија“, „Предупредување“, „Иселеник“, „Отуѓен од светот“, „Се предала“, „Де Орио“, „Фотограф“, „Шлуембергер“, „Откритие“, „Мимози“, „Славен танчер“, „Гризење на совеста“, „Заборав“, „Пикадили циркус“, „Продолжување“, „Во женскиот ендек“, „Пантери“, „Фалш“, „Иселеник“, „Краварка“, „Шивачка“, „Мантил од лоден“, „Работници во фабриката за хартија“, „Граничен камен“, „Двајца браќа“, „Природно“, „Џин“, „Историја на природата“, „Прашање во покраинскиот парламент“, „Две ливчиња“, „Несреќан љубов“, „Патувачко друштво“, „Вистинска љубов“, „Невозможно“, „Чувство“, „Своеглав автор“, „Неисполнета желба“, „Присебност“, „Дополнителна заработувачка“, „Силос“, „Познат“, „Без душа“, „Принц“, „Кнез“, „Лех“, „Кралска гробница“, „Противречност“, „Плодност“, „Помиреност“, „Одлука“, „Државна служба“, „Повлечени“, „Замислување“, „Експедиција“, „Наследник“, „Двојник“, „Среќа“, „Државна историја“, „Последица“, „Близу Зулден“, „Пераст“, „Лудило“, „Внимателност“, „Во Рим“, „Напуштање“, „Како Роберт Шуман“, „Почит“, „Гениј“, „Деветстотини деведесет и осум пати“ и „Враќање“.

Изданија на македонски јазик

уреди

Збирката „Имитатор на гласоци“ е објавена на македонски јазик во 2008 година од издавачката куќа Темплум, како 63 книга во библиотеката „Магма“. Преводот од германски јазик го извршила Марија Костоска. Книгата е отпечатена во мал формат (18 сантиметри), во мек повез и има 168 страници. Каталогизацијата е извршена во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје и ја носи ознаката ISBN 978-99989-189-19-7. Графичкото уредување и дизајнот е дело на фирмата „Точка“. На предната корица е ставена слика на Дон Коли (Don Colley). Издавањето на книгата било финансиски помогнато од Министерството за култура.[3]

Осврт кон делото

уреди

Збирката „Имитатор на гласови“ ги содржи најдобрите особини на Бернхардовото творештво: стилската брилијантност, минимализмот, црниот хумор, суптилната иронија, поетичноста... Иако е познат како голем мизантроп и циник, сепак ова е дело за уживање, а не за страдање.[4]

Наводи

уреди
  1. Thomas Bernhard: Der Stimmenimitator. Frankfurt am Main: Suhrkamp, 1978. ISBN 978-3-518-37973-8.
  2. Томас Бернхард, Имитатор на гласови. Скопје: Темплум, 2008.
  3. Томас Бернхард, Имитатор на гласови. Скопје: Темплум, 2008, стр. 2.
  4. „Белешка за авторот“, во: Томас Бернхард, Имитатор на гласови. Скопје: Темплум, 2008, стр. 165.