Именик на бугарските ханови

Именик на бугарските ханови (бугарски: Именник на българските ханове; латински: Nominalia) — краток текст за кој се претпоставува дека ги содржи имињата на некои рани бугарски владетели, нивните кланови, годината на нивното искачување на престолот според цикличниот прабугарски календар и должината на нивното владеење. Напишан е на црковнословенски, но содржи голем број на прабугарски имиња и термини за време. Ракописот исто така не содржи никакви наводи дека претставува список на владетели на Бугарија.

„Петроградски препис“ на Именикот.

Именикот бил пронајден од русинот Александар Попов во 1861, за време на неговото истражување на руските летописци. Досега се пронајдени три преписи на ракописот.