Илија Дигалов
Роден 1890
В'мбел,Костурско
Починал 1922
Глобочени, Преспанско
Илија Дигалов, Али Ибраимов, Стојан Георгиев и Крсте Велешанчето

Илија Дигалов (1890 — 1922) — македонски револуционер, член на ВМОРО / ВМРО, војвода во Костурско.[1]

Животопис

уреди

Роден е во селото В'мбел, Костурско. По зачленувањето во Организацијата бил курир, а за време на Првата балканска војна во 1912 година влегол во четата на војводата Васил Чакаларов. По Балканските војни во 1912/13 година со чета дејствувал во Костурско и Преспанско.

Станал доверлив соработник и соборец на Тодор Александров. Во 1919 година повторно од Бугарија се вратил во Македонија и дејствувал во Битолско, Кичевско и Мариовско.

Во 1922 година бил назначен за војвода на ВМРО во Леринско. Загинал во ноември 1922 година кај селото Глобочени, Преспанско, во судир со грчки жандармериски единици.

Наводи

уреди
  1. Енциклопедија ВМРО, Скопје, 2015, стр. 88.