Илинденска (песна)

За други значења на поимот Илинден воидете на појаснителната страница

„Илинденска“ е песна напишана од македонскиот поет Никола Вапцаров. Песната е дел од збирката песни „Моторни песни“. Оваа стихозбирка е составена од два циклуси на песни, од кои првиот циклус на песни се под наслов „Песни за татковината“, а додека вториот циклус песни се под наслов „Песна за човекот“. Песната „Илинденска“ е дел од првиот циклус песни, заедно со уште и другата многу позната песна на Вапцаров - „Земја“[1].

Во песната „Илинденска“ Вапцаров се јавува како обвинувач против оние што го дигнале Илинденското востание предвреме, иако свесни дека не е доволно организирано, нема да успее и дека потоа би имале „морално“ право да докажуваат дека без „братската“ помош, без воената интервенција од бугарска страна, македонскиот народ не би можел да се ослободи. Според Вапцаров, сторена е „сотонска вина“ кон тој народ, но историјата ќе го каже својот суд. И самиот Гоце Делчев бил против предвременото кревање на востанието. Но него го ликвидирале со посредство на предавници и тука веќе ништо не можело да се стори. Гласачката машина на софискиот двор се наложила. Поентата на песната е јасна: дека Македонците ја сакаат слободата, издвојувана со сопствени сили, онака како што ја замислувал Гоце Делчев; сè за слободна Македонија.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Георги Сталев, Литература на македонскиот јазик, Просветно Дело, Скопје, 1995, стр. 156.
  2. Георги Сталев, Литература на македонскиот јазик, Просветно Дело, Скопје, 1995, стр. 158.

Надворешни врски

уреди