Изотопи во медицината
Медицински изотоп ― изотоп што е користен во медицината.
Првите примени на изотопи во медицината биле во радиофармацевтските препарати, и ова сè уште е најчеста примена. Меѓутоа, во поново време, се користени и разделни стабилни изотопи.
Примери на нерадиоактивни медицински изотопи се:
- Деутериум во деутерирани лекови
- Јаглерод-13 е користен во функцијата на црниот дроб и метаболичките тестови[1]
Примена на радиоактивни изотопи
уредиРадиоактивните изотопи исто така, се користени во медицината за лекување и дијагностички скенирања. Најчестиот изотоп што е користен при дијагностички скенирања е Tc-99m (Technetium-99m), кој е користен во приближно 85% од сите дијагностички скенирања за јадрена медицина ширум светот. Користен е за дијагнози кои вклучуваат голем опсег на делови од телото и болести како што се рак и невролошки проблеми.[2] Друг добро познат радиоактивен изотоп што е користен во медицината е I-131 (Јод-131), кој е користен како радиоактивна ознака за некои радиофармацевтски терапии или третман на некои видови на рак на штитна жлезда.[3]
Наводи
уреди- ↑ „carbon-13“. thefreedictionary.com.
- ↑ Organisation for Economic Co-operation and Development, Nuclear Energy Agency. „The supply of medical isotopes“ (PDF). oecd-nea.org/.
- ↑ Mody, Vicky V.; Singh, Ajay N.; Deshmukh, Rahul; Shah, Samit (2015). „Chapter 40 - Thyroid Hormones, Iodine and Iodides, and Antithyroid Drugs“. Side Effects of Drugs Annual. 37: 513–519. doi:10.1016/bs.seda.2015.08.007.