Излегол Јане Сандански
македонска народна песна
„Излегол Јане Сандански“ — македонска народна песна. Песната е посветена на Јане Сандански кој во песната, со пушка на рамо, решил да се прошета на Пирин Планина и да си ја бара четата. Песната е од ајдутски карактер.
„Излегол Јане Сандански“ | |
---|---|
Песна од Никола Бадев и Васка Илиева | |
Јазик | македонски |
Жанр | македонска народна музика |
Должина | 2:56 (Никола Бадев и Васка Илиева) 03:11 (Танец) 02:57 (Академци) |
Композитор(и) | непознат, со разни современи аранжмани |
Текст
уреди-Излегол Јане Сандански, леле
да ми се Јане прошета.
Низ таа Пирин Планина, леле
низ тоа поле широко.
Нарамил пушка на рамо, леле
настранил капа на чело.
На пат си сретнал овчарче, леле
на овчарче вели, говори:
- Овчарче младо чобанче, леле
дали ја виде четата?
Нели ја виде четата, леле
четата на Јане Сандански.
- Видело сум ја слушнало, леле
сега за Јане збореа:
- Каде е Јане Сандански, леле
четата да си прибере.
Надворешни врски
уреди- Излегол Јане Сандански (текст и музика) на pesna.org Архивирано на 18 октомври 2020 г.